Марјанчо Бошковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Дополнување на информации
Ред 25:
=== Живот и сведоштва ===
 
Марјанчо Бошковски е роден на 14 јуни 1973 година во скопската населба [[Бутел (населби)|Бутел]]. Најблиските го опишуваат Марјанчо како човек многу го красеше дружељубивоста, работливоста и хуманоста. Марјанчо е момчето од спотот „За доброто на сите“. Режисерот веројатно, кога го зел за снимање, сметал на неговиот ведар лик и постојаната насмевка што го красела неговото лице. Впрочем, поради оптимизмот и позитивната енергија што зрачале од него, Бошковски бил омилен меѓу сите во населбата. Бутел е со мешовито население, а Марјан се дружел со сите: [[Македонци]], [[Срби]], [[Албанци]], [[Роми]] и [[Бошњаци]]. Тоа го потврдуваше и неговиот погреб. Марјанчо во својот кус живот работеше се и сешто. Од [[Ѓорче Петров (населба)|Ѓорче Петров]] до [[Драчево]] и од [[Водно (населба)|Водно]] до [[Топанско Поле]], во изминатите години работеше во повеќе перални за возила и во повеќе колонијални продавници. Ниту еден од сопствениците не го избрка заради неодговорност или поткрадување. По неколку месеци работа во некој дуќан, тој сам си заминуваше. Други, што случајно ќе се запознеше со нив, му ветуваа подобри услови и заминуваше. Му здосадуваше иста работа и бесперпективност и затоа трагаше по попристојна работа и надеж дека еден ден ќе дојде до сопствена работа. Се го интересираше и во многу работи се разбираше. Три години пред да започне конфликот во Македонија починал таткото на Марјанчо.
 
=== Учество во војната 2001 година ===