Христијанова Пештера: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
==Геоморфолошки одлики==
По своите геоморфолошки одлики, односно распоредот на пештерските канали, правецот на нивното протегање како и проширувањата кои се сретнуваат, Христијановата пештера ја чинат за една од најинтересните од досега истраженит пештери во Скопската котлина. Ваквата констатација доаѓа до израз и според богатството со пештерски украси, особено во поедини делови на пештерата. Појавата на пештерски накит се забележува уште во почетниот дел од главниот канал, каде воглавно се застапени саливи, нешто помалку сталактитити по некој сталагмит. Сталактитите особено добро се изразени во споредните пештерски канали, а во најголемиот од нив кој е со должина од 12 метри се појавуваат и травертински басенчиња исполнети со вода. Во главниот пештерски канал се забележуваат топчести арагонити. Без сомнение најбогатиот простор со пештерски украси во Христијановата пештера е пештерската сала. Речиси целиот северен дел на нејзината таваница е исполнет со бројни сталактити. Пештерските столбови нешто повеќе се изразени во почетниот - јужен дел на салата, додека сталагмитите во средишниот и северниот дел. Посебно богат со пештерски украси е западниот дел на салата каде се наоѓа и најголемиот пештерски столб висок 2 метри. Особено впечатлива глетка претставува златестата боја на ѕидовите на самиот влез на главната пештерска сала, а златести наноси на таваниците и ѕидините се среќаваат и на самиот пештерски отвор од внатрешната страна.
==Галерија==
|