Христијанова Пештера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
 
==Морфометриски одлики==
Од влезот на пештерата кој има облик на триаголник (3 х 1 м) кон североисток се простира хоризонтален пештерски канал во должина од 12 метри, додека во северозападен правец изграден е главниот пештерски канал кој се спушта под наклон од 45°. Во средишниот дел на главниот пештерски канал, односно на просторот каде истиот свртува кон североисток изградени се три споредни канали, во три нивоа. Овие помали пештерски канали го задржуваат северозападниот правец што дотогаш го има и главниот пештерски канал. После мал отсек, главниот пештерски канал продолува кон североисток - исток во должина од 8 метри. Од крајниот дел на главниот канал во северен правец е изградено најголемото пештерско проширување, односно пештерската сала. Должината на пештерската сала во меридијански правец изнесува 16 метри, додека нејзината максимална напоредничка должина достигнува 22 метри. Височината на таваницата во почетниот дел од пештерската сала е доста мала и изнесува само 0,5 метри. Понатаму кон север оваа височина се зголемува при што веднаш после сурнатиот блок достигнува 3 метри. Најголемата височина на таваницата се наоѓа во западниот дел на салата и истата изнесува 4,5 метри.
 
==Геоморфолошки одлики==