Стаклена градина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 22:
 
==Опрема и технологија==
Современите стакленици поседуваат и модерна и компјутеризирана (автоматизирана) опрема која што ги регулира климатските услови внатре во оранжеријата. Во тој однос современите стакленици поседуваат уреди за автоматизирано: наводнување, греење, проветрување (ветреење) преку проветрители, метеоролошка станица која покажува редности на инсолација односно сончево зрачење, ружа на ветрови, показатели на параметри за IEC-Ph вредности итн<ref name="Агроекспедиции">Забележале [[Корисник:Македонец|Марио Шаревски]] и [[Корисник:Иван Ж|Иван Живковиќ]] при посета на „Horti Centar - Balkan Green House“ кај Св. Николе во рамки на [[Википедија:Агроекспедиции 2017|Агроекспедиција]] спроведена на 02.03.2017</ref>. Покрај загревањето со сончевите зраци современите стакленици користат и дополнителни извори на греење како што се: природен гас, мазут или нафтени горива и топли термални води (како што е случај во стаклените оранжерии во [[Негорци]], [[Гевгелиско]] и [[Банско (Струмичко)]]). Одгледувањето на растенијата во современите стаклени градини не мора да се одвива директно на самото земјиште, туку тие може да се огледуваат и на различен број редови (16-23), на подвижни табли за расад итн. преку методот ''' ''хирдопоника'' ''' кој подразбира одгледување односно засадување на различен тип на медиум како што се: земја односно различни видови почви донесени од други места, кокосови влакна, разни струготини од кора на дрвја (пелети или т.н. „пилевина“) итн<ref name="Агроекспедиции" />.
 
==Пластеник==