Стаклена градина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 19:
Стаклената градина често се користи за одгледување на [[цвеќе]], [[зеленчук]], [[овошје]] и [[тутун]]. Бумбарите се изабрани полинатори за поголемиот дел на опрашивање во стаклените бавчи, но се користат и други типови на [[пчели]], како и вештачко опрашување. Во вакви услови [[доматот]] и другите градинарски растенија имаат период на зреење од 90 дена, со што се постигнуваат и по 4 берби (реколти) во годината, за разлика од растењето во природни услови на отворно кое овозможува само една берба годишно. Тутунот, зеленчукот и цвеќето се одгледуваат во стаклените градини во доцната зима и раната пролет, а потоа се пренесуваат надвор како што времето ќе затоплува. Започнатите билки се обично достапни на градинарите на пазарите за време пренесувањата (пресадувањата).
 
Стаклените градини се од се поголемо значање во снабдување со храна за земјите со големите географски ширини. Најголемата комплекс стаклена градина на светот е во Лимингтон во [[Онтарио]] (во близина на најјужната точка на [[Канада]]) каде околу 0.8 km² [[домат]] расте во целост под стакленикот. Во [[Македонија]] поглеми површини под стакленици постојат во [[Струмичко]], [[Гевгелиско]] и [[Овче Поле]] (Светиниколско) каде пак се наоѓаат најсовремените и најмодерните стакленици на претпријатијата „Хорти Центар - Балкан Гринхаус“ (кој воедно служи и како центар за обука на градинари од целиот Балкан), „Томатоленд“ итн.
 
==Пластеник==