Амстердам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 74:
}}
 
'''Амстердам''' ({{lang-nl|Amsterdam}}) е главен и воедно најголем град во [[Холандија]]. Статусот на градот како главен град на државата утврден во [[Устав|уставот]]. Градот Амстердам има население од 790 654 жители, урбана население од 1 209 419 жители, додека на територијата на областа Амстердам живеат 2 289762 жители<ref>{{cite web|url=http://www.iamsterdam.com/en/visiting/touristinformation/aboutamsterdam/factsandfigures |title=Facts and Figures |publisher=I amsterdam |accessdate=1 June 2011}}</ref>. Градот се наоѓа во покраината [[Северна Холандија]] која се наоѓа во западна Холандија. Тој го опфаќа северниот дел од Рандстанд – една од најголемите општини (кантони) во [[Европа]] која има население од околу 7 милиони жители.
Името Амстердам е изведено од (Amstelerdamme), што зборува нешто повеќе за потеклото на градот – тоа е брана на реката [[Амстел (река)|Амстел]]. Населен како мало рибарско село кон крајот на 12 век, градот Амстердам станал едно од најважните пристаништа во светот за време на холандската златна ера, што се должи на холандскиот иновативен развој на трговијата. Во тој период, градот претставувал водечки финансиски центар и центар за трговијата со [[Дијамант|дијаманти]]. Во 19-от и 20-от век градот се проширил, при што се создадени голем број нови населби и предградија. Каналите во Амстердам кои потекнуваат од 17-от век и кои се наоѓаат во срцето на градот, се заштитени како Светско наследство од страна на [[УНЕСКО]] во јули 2010 година.
Како комерцијален главен град на Холандија и како еден од врвните финансиски центри во Европа, студиската група за глобализација и главни градови (GaWC) го поставува Амстердам за алфа светски град. Градот исто така претставува главен град на културата во Холандија. Голем број холандски институции имаат главни претставништва во овој град, а 7 од 500-те врвни светски компании, како што се Филипс и ИНГ се основани токму тука. Во 2010 година, Амстердам се наоѓаше на 13-та позиција на светско ниво по квалитетот на животот од страна на Мерцер и во 2009 година рангиран на 3 место од страна на 2 (thinknow) во индексот на градови со најдобри иновации.
Берзата на Амстердам, која е воедно најстарата берза во Светот се наоѓа во центарот на градот. Главните знаменитости и атракции на Амстердам како што се: историските канали, [[Државен музеј (Амстердам)|Државниот музеј]] (''Rijksmuseum''), [[Винсент ван Гог|Музејот на Ван Гог]], куќата на [[Ана Франк]], музејот за културно наследство, музејот Амстердам, подрачјето на црвени фенери, , како и бројните кафетерии каде се консумира [[канабис]], годишно привлекуваат повеќе од 3,66 милиони туристи. Сепак, новиот закон би можел да ја намали познатата толерантна граница за дрога и со тоа да го намали бројот на странци кои доаѓаат да купат [[марихуана]]. Градоначалникот Еберхард ван дер Лан се надева дека ќе се постигне компромис со владата и со тоа туризмот нема да претрпи посериозни последици.
 
Ред 91:
 
== Клима ==
Амстерам има океанска клима, како резултат на близината на Северното Море на запад и преовладувачките западни ветрови. Амстердам и поголемиот дел од покраината Северна Холандија спаѓаат во климатската зона 8б, што и воедно е најсеверна климатска зона во делот на Европа каде има континентална клима. До појава на мраз доаѓа единствено доколку дуваат ветрови од источни или североисточни ветрови од внатрешноста на Европа. Дури и во тој случај, температурата ноќе ретко паѓа под 5 [[Целзиусов степен|степени целзиусови]], додека во [[Хилверзум|Хилверсум]], кој се наоѓа 25 километри југоисточно, температурата може да падне и до -12 степени целзиусови. Летата се умерено топли, и многу ретко се случува да бидат претопли. Дневните температури во просек се движат од 22,1 до 30 степени целзиусови, при што Амстердам спаѓа во топлотната зона 2. Најголемите разлики во температурата изнесуваат од -24 до +36,8 степени целзиусови.
Во Амстердам има околу 187 врнежливи денови во текот на една година. Годишното ниво на врнежи во Амстердам изнесува 915 милиметри кубни на метар квадратен. Поголемиот дел од врнежите паѓа во вид на лесен дожд или кратки но силни врнежи. Облачните денови се честа гледка во периодот од Октомври до Март.
Изглед на градот и архитектура
Ред 105:
По стапките на Сарфати, Ван Нифтник проектирал цел круг населби од 19-от век кои го опкружувале центарот на градот. Во тоа време градот го поседувал целото земјиште од 17-от век натаму со што го контролирал развојот. Поголемиот дел од овие населби станале место за живеење на работничката класа.
За да се спречи пренатрупаноста,на почетокот на 20-от век биле изготвени 2 плана кои се разликувале од се дотогаш видено во Амстердам: Планот Зуид, ( [[Амстердам Југ]]) кој бил проектиран од страна на архитектот Берлаџ и планот Запад. Овие проекти предвидувале изградба на нови населби со живеалишта за сите општествени слоеви.
По завршувањето на [[Втора светска војна|Втората Светска Војна]] во западните, југоиисточните и северните делови на градот биле изградени нови големи населби. Овие нови населби биле изградени со цел да се надмине недостатокот од простор за живеење и населението да добие конфорни и достапни куќи и живеалишта. Населбите се состоеле од големи станбени блокови меѓу кои се наоѓале паркови, а истите биле поврзани со широки улици, што овозможило движење на моторни возила. Западните предградија на градот се нарекуваат (Westelijke Tuinsteden). Областа која се наоѓа југоисточно од градот се вика [[Бајмар]].
 
== Архитектура ==
Ред 114:
 
== Поделба ==
Раководењето со општините во Амстердам е поделено на 15 области или Стадесплеин (Stadesdelen)- централниот дел кој е опкружен со Западниот парк, Бос ен Ломер (Bos en lommer), Де Барсјес (De Baarsjes), Стар запад (Oud-West), Стар Југ (Oud-Zuid), Исток/Ватерхраафтсмер (OostИсток/Watergraafsmeer)Ватерхрафтсмер, Зебурх (Zeeburg), Амстердам Север (Amsterdam Noord), и 6 надворешни области (WestpoortВестпорт, GeuzenveldХеузенвел-SlotermeerСлотермер, OsdorpОсдорп, SlotervaartСлотерварт, ZuideramstelЈуженамстел, ZuidosstЈугоисток). На 1 мај 2010 година бројот на области е намален на 8 (centrumЦентар, NoordСевер, ZuidЈуг, WestЗапад, NieuwНов-WestЗапад, ZuidoostЈугоисток, WestportВестпорт).
 
== Дефинирање ==
Осумте области на Амстердам најчесто се разбираат како да се однесуваат за општината Амстердам. Сепак, некои делови од општината како на пример селото Дургердам не се сметаат за дел од Амстердам. Статистички гледано се употребуваат 3 дефиниции за Амстердам- Метрополитен Амстердам, Областа Амстердам и урбаниот регион (општина Амстердам). Овие дефиниции не се совпаѓаат со термините урбана област и метрополитен област кои се употребуваат во земјите каде се говори Англискиот јазик. Во одделот за истражување и статистика во Амстердам се употребува и четврта дефиниција, односно градскиот регион Амстердам. Оваа област е слична со Областа Амстердам но во неа спаѓаат и општините Занстад и Вормерланд , додека во неа не спаѓа Храфт-Де Рајп.
Најмалата површина меѓу гореспоменатите има општината која броела 742,981 жители во 2006 година. Областа метрополитен имала 1 021 870 жители во 2006 година. Во неа спаѓаат повеќе општини заедно со општината Амстердам. Областа Амстердам има 15 општини и брои 1,211 503 жители според пописот во 2006 година. Иако е поголема по површина, бројот на населението е само малку поголем во неа, бидејки по дефиниција во неа не спаѓа релативно бројната по жители општина Заанстанд. Област со најголем број на жители е областа Амстердам метрополитен која има 2,22 милиони жители. Во неа спаѓаат ZaanstadЗанстад, WormerveerВормервер, MuidenМауден, AbcoudeАбкуде, Haarlem[[Харлем]], AlmereАлмере и LelystadЛелистад но во неа не спаѓа Храфт-Де рајп.
Амстердам спаѓа во метрополитен областа Рандстанд и има вкупно население од 6,659,300 жители.
 
Ред 127:
 
== Симболи ==
Грбот на Амстердам е составен од неколку историски елементи. Во средината на грбот се наоѓаат 3 крстови на Св. Андреј кои се поредени вертикално. Овие 3 крстови може исто така да се видат и на ознаките на населбите [[Амстелвен]] и Оудер –Амстел. Тој дел од грбот на Амстердам се наоѓа и на знамето на градот Амстердам, кое е избрано од страна на градските власти , но и на цивилните бродови кои се регистрирани во Амстердам. Вториот симбол е Австриската кралска круна. Во 1489 година, како знак на благодарност за помошта и заемите кои ги добил, Максимилијан први му дозволил на Амстердам да ја употреби кралската круна на грбот на градот. Во 1508 година таа била заменета со круната на Максимилијан, откако тој бил крунисан како Светиот Романски Император. На почетокот од 17 век, круната на Максимилијан која се наоѓала на грбот на Амстердам била повторно променета, овој пат со круната на императорот Рудолф 2, која станала царска круна на [[Австрија]]. Лавот потекнува од 16-от век, кога градот и областа станале дел од „Република на седум обединети Холандии“. Последно е усвоено официјалното мото на градот- херојски, одлучни, милосливи, кое кралицата Вилхелма му го подарила на градот во 1947 година за да ја награди храброста на градот во [[Втора светска војна|Втората Светска војна]].
 
== Економија ==
Ред 144:
 
== Трговија ==
Продавниците во Амстердам варираат од огромни стоковни куќи како Де Бијенкорф (1870 година) и Мејсон де Боннетерие , стоковна куќа во париски стил изградена 1889 година, па се до мали специјализирани продавници. Хај енд продавниците во Амстердам се сместени на улиците Питер Корнелиц Хофстрат и Корнелис Схуистрат, кои се наоѓаат во близина на Вонделовиот парк. Една од најпрометните улици во Амстердам е тесната средновековна улица – Калверстрат која се наоѓа во срцето на градот. Други области за купување се Девет Улици , Харлемердајк и Харлемерстрат. ''Negen Straatjes'' се девет тесни улици во рамките на Храгтенхордел, концентричниот систем на канали во Амстердам. NegenДеветте Straatjesулици се разликуваат од другите области за шопинг по тоа што имаат голем број на приватни продавници. Haarlemmerstraat и Haarlemmerdijk беа прогласени за најдобри шопинг улици во Холандија во 2011 година. На овие улици исто така има голем број приватни продавници. Но, додека на 'девет улици доминираат модните продавници, на Харлемерстрат. и Харлемердајк може да се видат секаков вид на продавници- продавници за слатки и друг тип на храна, долна облека, патики, облека за венчавки и свечености, продавници за мебел, книжарници, продавници за велосипеди, скејт опрема и тн.
Во градот исто така има и голем број пазари на отворено како Алберт Супермаркетите, Вестерстрат - пазарот, тен Катемаркт, и Дапермаркт. Некои од овие пазари се дневни, а некои се одржуваат еднаш неделно.
 
Ред 160:
Кога се етаблирале во градот, другите христијански деноминации ги користеле преобратените католички капели за одржување на миси. Најстарата црква каде се служи на англиски јазик а се наоѓа надвор од границите на Обединетото кралство е во Бегинјхоф. Таму сеуште се држат редовни миси на англиски јазик под покровителство на шкотската црква. Хугуенотите броеле околу 20% од жителите на Амстердам во 1700-та година. Бидејки биле калвинисти, тие набрзо се преобратиле во реформите на Холандската црква , иако голем дел од нив останале на својата вера. Некои од нив кои денес се препознатливи по прекарот Валонци сеуште држат проповеди на француски јазик.
Во втората половина на 17-от век , во Амстердам има прилив на Ашкеназим, Евреи од централна и источна европа, што продолжува се до 19-от век. Евреите често бегале од погроми во тие области. Првите Ашкенази кои пристигнале во Амстердам биле бегалците од Чмиелничкото востание во Полска и [[Триесетгодишна војна|Триесетгодишната војна]]. Тие не само што основале свои синагоги, туку исто така имале и големо влијание врз Амстердамскиот дијалект, притоа додавајки голема количина [[јидиш]]ки локални зборови .
Иако нема официјално еврејско гето, повеќето евреи претпочитале да живеат во стариот средновековен дел од градот. Главна улица на ова еврејско маало била Јоденбрестат (Jodenbreestraat). Ова маало го сочинуваат и WaterloopleinВатерлоплеин и NieuwmarktНовмаркт. Градбите од ова маало биле уништени во втората светска војна , а голем дел од населбата бил срушен за време на изградбата на подземната железница. Тоа довело до немири, па затоа проектите за комплетна промена и реконструкција на маалото биле откажани и на тоа место биле изградени помали објекти врз основа на оригиналниот поранешен распоред.
Католичките цркви во Амстердам започнале да се градат по враќањето на епископската хиерархија во 1853 година. Еден од главните архитекти кои биле одговорни за католичките цркви во градот, исто така биле одговорни за Централната железничка станица и Ријксмузејот, што довело до тоа Протестантскиот крал Вилијам трети да одбие да го отвори тој „манастир“. Во 1924 година римо-католичката црква во Холандија го одржала меѓународниот евхаристички конгрес во Амстердам, на кој присуствувале бројни католички архиереи и притоа го посетиле градот , каде во црквите и на стадионите се одржувале свечености. Сепак во тоа време сеуште биле забранети католичките поворки по улиците. Во 20-от век релацијата на градот Амстердам во врска со католицизмот се нормализирала, но и покрај се поголемата популарност меѓу населението, сепак католичкото свештенство одбрало да го постави своето епископско седиште во блискиот провинциски град [[Харлем]].
Во последно време , верската демографија во Амстердам се менува со големата имиграција од поранешните колонии. Имигрантите од [[Суринам]] го вовеле Евангелскиот протестанизам и [[лутеранство]]то, [[Хиндуизам|хиндуизмот]] е воведен од Суринамијците, а неколку гранки на исламската религија дошле заедно со мигрантите од различни делови од светот. Сега [[Ислам|исламот]] е најбројната не-христијанска религија во Амстердам. Големиот број имигранти од [[Гана]] и [[Нигерија]] создале Африкански цркви кои често се сместени во гаражи во областа Бајмар каде многу од нив живеат. Освен тоа, во Амстердам свои собири имаат поставено широк спектар на други религиозни движења како на пример [[Будизам|Будизамот]], [[Конфучијанство|конфучијанизмот]] и [[Хиндуизам|хиндуизмот]].
И покрај изреката „Живеј и остави да живеат„ која накратко ги опишува Холанѓаните и посебно отвореното и толерантно општество на Амстердам, сепак зголемениот прилив на луѓе од различни раси и религии, по завршувањето на [[Втора светска војна|Втората Светска Војна]] во неколку случаи ги нарушило општествените односи. Собирајки луѓе од 176 различни, Амстердам е дом на една од најголемите варијации на националности во кој било друг град во светот.
Имигрантите денес сочинуваат околу 5052 % од населението во Амстердам.
Жители по потеклото
Во 2010-та година 34,9% од вкупното население и 52, 6% од младите со возраст под 18 години имале неевропско потекло.