Руско-јапонска војна: Разлика помеѓу преработките

нема опис на уредувањето
(embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information)
Нема опис на уредувањето
|примечание =<references/>}}
 
'''Руско-јапонската војна''' (1904-1905) бил судир меѓу [[Руско Царство|Русија]] и [[Јапонија]] заради територијално ширење во [[Источна Азија]].
 
== ТекотТек на војната ==
Откако Русија го зела под закуп стратегискиот [[Порт Артур]] (денешен Лишун, [[Кина]]) и се проширила во [[Манџурија]], таа се соочила со силата на Јапонија во пораст. Кога Русија се откажала од нејзиниот договор со Јапонија да ги повлече нејзините трупи од Манџурија, јапонската флота ја нападнала руската ескадра во Порт Артур и почнала да го опседнува градот во февруари 1904 година. Јапонските копнени сили ја отсекле руската армија од помошта од Порт Артур и ја потиснала назад кон Мукден (денешен [[Шенјанг]]). Засилената руска армија презела офанзива во октомври, но слабото воено раководење го отапило нејзиниот успех. По долгата јапонска опсада на Порт Артур во јануари 1905 година корумпираниот руски командант го предал гарнизонот без да се консултира со неговите офицери, и покрај доволните резерви и муниција за неговата продолжена одбрана. Тешките борби околу Мукден завршиле во март 1905 година со повлекувањето на руските трупи под команда на Алексеј Куропаткин. Одлучната поморска [[Битка кај Цушима]] им ја дала на Јапонците улогата на диктирање на условите, а Русите ги довеле на мировната маса.
 
== Последици ==
 
Со потпишувањето на [[Договорот од Портсмут]], [[Русија]] ја напуштила нејзината експанзионистичка политика во [[Источна Азија]], иа Јапонија се стекнала со ефективна контрола над [[Кореја]] и поголем дел од [[Манџурија]]. Војната во Русија ја поттикнала [[Руска револуција (1905)|Руската револуција од 1905 година]].
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
* [[:s:Списание „Вардар“ (современ правопис)/ Словенството|Статија за Руско-јапонскиот мировен договор во весникот „Вардар“ на К. П. Мисирков, септември 1905]]
 
{{Нормативна контрола}}
6.534

уредувања