Тодор Лазаров: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: Додадено е дека е преведувач на Шекспирово дело- Венецијански трговец,на македонски јазик.
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
Лазаров е роден 1869 година во градот [[Штип]], тогаш во [[Отоманската империја]]. Потекнувал од видното семејство Хаџидимитриеви. Завршил VI клас во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“]] и станал прогимназиски учител во Штип. По една година го напуштил училиштето и започнал да се занимава со трговија. Лазаров зборува, француски, отомански турски и фарси.
[[Податотека:IMARO Shtip Todor Lazarov Ivan Panayotov Kotse Gotchev and Mishe Bachov.JPG|мини|лево|280п|Штипското раководно тело: Тодор Лазаров, Иван Панајотов, Коце Гочев и Мише Бачов.]]
Влегол во првиот револуционерен комитет на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] во Штип 1894-1895 година, бил покрстен од [[Даме Груев]]. Во 1896 година заедно со [[Ѓорче Петров]] и [[Мише Развигоров]] го ликвидирал србоманот Јордан Бабамов, поради што бил уапсен. Во текот на [[Виничка афера|Виничката афера]] повторно бил уапсен <ref>„Илюстрация Илинден“, 1932 г., София, бр.2, стр.2-4. [http://www.scribd.com/doc/35539013/Illustration-Ilinden-1932-Book-2-Godina-V-November]</ref>, во 1899 година бил осуден на 4 години затвор, казната ја издржувал во [[Скопје]] и [[Приштина]]. На [[Солунски конгрес од 1903|Солунскиот конгрес]] од 1903 година бил делегат. Во 1905 година, бил уапсен зедно со д-р.[[Петар Кушев]], осуден и заточен во Тарабулус ал Шам <ref>[http://www.promacedonia.org/ps/ps_21.html Шатев, Павел. „В Македония под робство“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1983, стр.412.]</ref>. По [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] бил амнестиран, учествува во уредувањето на [[Сојуз на бугарски уставни клубови]] и влегол во неговото Централно управно тело.
 
По неуспехот на Хуриетот во 1909 - 1910, заедно со [[Тодор Александров]] учествувал во обновата на организациската дејност во Штипско и во мај 1910 година е избран за член на Задграничното претставништво заедно со [[Павел Христов]] <ref>Алманах „Македония“, София 1931 г., стр.777</ref><ref>Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 15.</ref>.