Зоран Бубевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Дополнување на информации
Ред 1:
{{Инфокутија Воено лице
| име = '''Капетан Зоран Бубевски'''
| слика = [[Податотека:Капетан Зоран Бубевски.png|280п]]
| слика =
| живеел = 10.06.1968 – † 31.05.2001
| опис = Капетан Бубевски во касарната во Куманово.
| опис =
| прекар =
| роден-место = {{роден во|Берово}}, {{МКД}}
| починал-место = [[Блаце (Чучер Сандево)|Караула БилјакБиљак]]
| држава = {{МКД}}
| гранка =
| служба-време = 1991 год. — 2001 год.
| чин = Капетан на [[АРМ]]
| единици =
| командувал = [[Податотека:MacedonianArmyLogo.svg|30п]] [[АРМ]]
| битки = [[Воен конфликт во Македонија, 2001|'''Војна во Македонија 2001''']] <br />
| командувал =
* Операција MX-1 и МХ-2 <br />
| битки = [[Воен конфликт во Македонија, 2001]]
* Битка за Танушевци
| одличја =
* † на пат кон Караулата Биљак
| одличја = [[Медал за храброст (Македонија)|'''Медал за храброст''']]
| занимања =
}}
 
'''Зоран Бубевски''' ({{роден во|Берово}}, {{роден на|10|јуни|1968}} – [[Блаце (Чучер Сандево)|Караула Билјак]], {{починат во|Скопска Црна Гора}}, {{починат на|31|мај|2001}}) бил [[Список на загинати бранители на Македонија|македонски бранител]], капетан на [[АРМ]], учесник во [[Воен конфликт во Македонија, 2001|воениот конфликт во Македонија во 2001]] година. Загинал на [[29 мај]] [[2001]] кај Караулата БилјакБиљак на [[Скопска Црна Гора]] од подметна мина на терористите на [[ОНА]].<ref>{{cite web|date=1. јуни 2001|url=http://star.vest.com.mk/default.asp?id=9265&idg=1&idb=270&rubrika=Makedonija|title=Загина уште еден војник|publisher=Вест|accessdate=2015-02-19}}</ref>
 
== Биографија ==
=== Живот и војните на поранешна СФРЈ ===
 
Зоран Бубевски е роден на 10 јуни 1968 година во [[Берово]]. По основното образование, завршил воена гимназија во [[Белград]], а потоа и воена академија во [[Сараево]] и [[Задар]]. Последната служба во [[ЈНА]] го затече во [[Бања Лука]]. Како Македонец, меѓу првите го сфати апсурдот на војувањето во туѓа војна и гинењето за туѓи интереси. Немајќи друг начин да се врати во Македонија, го искористи конвојот што од [[Сисак]] заминувал за [[Скопје]]. Доаѓајќи тука се пријавил во скопскиот гарнизон барајќи да биде оставен тука, да служи во ЈНА, но во Македонија. Неговата решеност да не војува се гледа и од решеноста: „''Доколку не ме оставите тука, заминувам од Армијата''.“ Бил свесен дека поради „дезертерството“ од Бања Лука ке уследи казна, но таа не му значела многу во споредба со учество на војна при [[Распад на СФРЈ|распаѓањето на Југославија]].
Да бидеш капетан во [[АРМ|Македонската армија]] е големо признание и потврда за вредноста и потенцијалите на младиот старешина. Науката и учењето го исполнуваа, а воениот позив го чинеше среќен што ја извршува големата и одговорната задача да ја брани родната земја и нејзината независност и интегритет.
 
Во рамките на ЈНА постоеја два казнени центри за непослушните старешини. Едниот беше во [[Кичево]], другиот во [[Билеќа]]. Во рамките на таа казнена политика, по пристигнувањето во Македонија, на [[Петровден]] 1991 година, Зоран е распореден на работа во Кичево. Со осамостојувањето на [[АРМ]], меѓу првите останува во старешинскиот кадар, но пак во [[Кичево]]. Таму е на служба до 2000 година, по што е прекомандуван во [[Куманово]].
Родителите Славка и Борис неможеа да му се израдуваат при секое доаѓање од учење и служба во родното [[Берово]]. Имаше големи амбиции и нескриени желби да напредува во војничката кариера, но и да го израдува семејството со повеќе наследници.
 
=== Казнет затоа што наредил да пука во терористи!? ===
На [[31 мај]] [[2001]] во реонот на [[Блаце (Чучер Сандево)|Блаце]] згасна животот и сите планови на Зоран, рожбата на Македонското семејство Бубевски, чиј син е уште една невина жртва за Македонија.
 
Со упадот на терористите од Косово во Македонија постојано е на најистурените караули „[[Танушевци]]“ и „Кодра Фура“, локации што и пред тоа, посебно во војната меѓу таканаречената [[ОВПМБ]] и српските одбранбени сили во [[Прешевска Долина|Прешевската Долина]], претставува главен канал за уфрлување на оружје и терористи во Македонија и Јужна Србија. Во таква позиција, Бубевски има два најдиректни контакти со терористичките банди. Во првиот, на „Кодра Фура“, фаќа коњ натоварен со оружје при што група терористи побегнале во [[Танушевци]] и оттаму на [[Косово]]. За ова е награден од армискиот врв. Подоцна на истата локација, патролата што ја предводи налетува на комбе со оружје и терористи. При сопирањето, комбето не сопрело, а терористите отвориле оган врз патролата. Тогаш Бубевски пукал во гумата по што комбето е запленето, а терористите успеале да побегнат. За оваа постапка е казнет. Којзнае од кои причини, веројатно било оценето дека не постапил правилно што пукал во комбето.<ref>„Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 159 – 161</ref>
 
На 26 мај 2001 година, во саботата, Зоран имаше веридба. Во понеделникот замина во касарната во Куманово. Во средата дојде со мајка му на аеродромот во Скопје да ја пречека сестра му која живее во странство. Во четвртокот, на 31 мај 2001 година загина од нагазна мина на патот кон времената караула „Биљак“ кај [[Блаце (Чучер Сандево)|Блаце]]. Бил во конвојот што на војниците им носел цистерна вода, придржуван од два хермелина. [[Хермелин|Хермелините]] минале, а цистерната имала потешки тркала и нагазнала на мината. Зоран имал две бомби на себе и среќа во несреќата е што тие не експлодирале. Останал само пригмечен во цистерната. Бубевски одел со конвојот бидејќи требало да прими смена на караулата. За десет дена не го прослави својот 33 роденден.
 
== Наводи ==
Ред 34 ⟶ 42:
 
[[Категорија:Берово]]
[[Категорија:Беровчани]]
[[Категорија:Македонски бранители]]