Комунистичка партија на Кина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 115:
Раководството од „третото поколение“ на чело со [[Џанг Цемин]], [[Џу Женгџи]] и нивните колеги продолжиле да ја водат земјата според начелата на денгизмот, дополнета со повторното заживување на [[кинески национализам|кинескиот национализам]] во 1990-тите и негово неформално прифаќање како начело на партијата. Како дел од Џанговата оставнина, во 2003 г. партијата ги усвоила неговите „[[три претстави]]“ како идеолошки начела, каде се бара партијата да ги претставува (застапува) „напредните производни сили, прогресивната насока на кинеската култура и фундаменталните интереси на народот.“ Постојат различни толкувања за овие начела, меѓу кои и она со кое се дава легитимитет навлегувањето на олигарси во партијата.
 
Постојаната и исклучива насоченост кон економскиот развој довела до најразлични сериозни општествени проблеми. Раководството од „четвртото поколение“ предводено од [[Ху Ѓинтао]] и [[Вен ЏабаоЃабао]] стапило на сцената во 2003 г. со обид да го измени овој неповолен тренд со мешан пакет од економско-социјални мерки. Оваа нова идеологија подразбирала создавање на „[[социјалистичко складно општество]]“ преку концептот на [[научен развој]].
 
Со текот на економската либерализација, моќта на партијата врз државата постепено се намалувала. Со сите меѓувремени измени, денешната КПК нема многу сличности со начелата на нејзините основачи. Во 2000-тите, партиското раководство ја разгледуало можноста за отфрлање на поимот „комунистичка“ од името на партијата, но решиле да не ја направат ваквата промена, плашејќи се дека ќе има одметнати политичари што ќе основаат нова комунистичка партија.<ref name="Brown">{{наведена книга|title=The Rise and Fall of Communism|first=Archie|last=Brown|year=2009|publisher=HarperCollins|pages=325–329, 586, 606, 612–613}}</ref> Највеќето комунисти денес ја осудуваат КПК како капиталистичка. Особено спротиставени на нејзината политика се [[антиревизионизам|антиревизионистите]] и приврзаниците на [[Кинеска нова левица|Кинеската нова левица]] во рамките на самата партија.