Машка кошаркарска репрезентација на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
== Историја ==
Корените на македонскиот баскет се од Штип.Во 30-те години од минатиот век кошарката не само во Македонија, туку општо и на Балканот, била многу малку присутна. Фудбалот како и денес бил најпопуларниот спорт, а постоеле и голем број на спортски друштва, каде младите таленти најчесто тренирале атлетски или гимнастички дисциплини. И тогаш во Штип наеднаш се појавил Трајко Кошевалиски, кој од Словенија го носел знаењето за оваа игра, но и првата кошаркарска топка.
 
Кошевалиски бил испратен на стручно усовршување во Марибор, каде во 1932 година присуствувал на првата презентација на кошаркарскиот спорт, презентиран од австриски кошаркари. За време на неговото прво отсуство од Словенија тој започнал да ги тренира локалните Соколи, како што се нарекувале спортските друштва во тоа време насекаде низ Македонија, за конечно на 27 август 1933 година да биде организиран првиот меч.
 
Во дворот на училиштето „Ванчо Прке“ било направено импровизирано игралиште, поставени биле кошевите, а мрежичките за обрачите биле исплетени од Петре Топликлиев.
 
Биле формирани две екипи, црвена и црна, а Кошевалиски бил судија на овој меч. Меѓу натпреварувачите биле неговите другари Славе Кикиритков, Лазо Каламатиев, Петре Кавраков, Киро Савев, Методи Балванлиев, Киро Шапков, Илија Гочев, Никола Гакев, Петар Самарџиски и Горги Спасиков.
Штип има најдолга кошаркарска традиција во Македонија. Постои и податок дека по Втората светска војна, првата селекција на македонски кошаркари, која настапила на меѓурепублички натпревар во Суботица е составен од играчи родени во Штип.
Трајко Кошевалиски, човекот што во Македонија ја донел првата кошаркарска топка и го организирал првиот меч, во едно од своите интервјуа дадени пред повеќе од 25 години, има посочено дека тогашниот „баскетбол“ се играл поинаку.
За првиот кошаркарски натпревар одигран во Штип на 27 август 1933 година е напишан извештај во тогашниот весник „Вардар“, каде за настанот е објавено десет дена подоцна. Во преписот од оргиналот, кој се чува во македонскиот архив стои: „Во недела, 27. август во Штип е одигран братски натпревар баскетбол, помеѓу црвените и црните. За овој натпревар владеел голем интерес. Резултатот е 10:12 во корист на црвените. Одлично судеше Трајко Кошевалиски. Посетата беше во рекорден број.“
- Првиот натпревар го судев јас, тогаш се играше по други правила. Во игра имаше по шест играчи во секој тим – појаснува Кошевалиски.
 
Тој со кошарката се запознал во Словенија, каде што живеел едно време откако претходно бил испратен на професионално усовршување.
 
КФМ, како раководно тело на кошаркарските репрезентации и екипи во Македонија, била создадена во [[1992]] година и една година подоцна била примена во рамките на [[ФИБА Европа]]. Претходно, македонските машки и женски кошаркари биле дел од репрезентацијата на [[СФРЈ]], која своевремено била една од најголемите сили на светската кошаркарска сцена. По распадот на СФРЈ, секоја поранешна југословенска република започнала со нови кошаркарски федерации и репрезентации.