Викинзи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 8:
 
Во англискиот јазик, фразата „''to go a-viking''“ значи да се напаѓа, да се направи рација. Самиот збор се состои од два дела: ''вик'' (''залив'') и ''инг'' (потекло). Со други зборови, зборот ''вик-инг'' буквално значи „тие што живеаат во заливот“.
== Религија на Викинзите ==
Викинзите биле пагани и верувале во таканаречената нордиска митологија. Нордиската митологија се смета дека потекнува од германската митологија, за која, пак, некои научници сметаат дека потекнува од камено време. За време на христијанизација на Скандинавија, Викинзите многу тешко се откажувале од својата религија, така што може да се каже дека и денеска има доста пагани во Скандинавија кои веруваат во боговите на своите предци.
 
Во нордиската митологија има вкупно девет света, кои се поставени на големото светско дрво, таканаречено дрвото на животот, Игдрасил:
* Азгард, светот на главните божества
* Алвхејм, светот на џуџињата
* Ванахејм, светот на божествата поврзани со плодност, мудрост, природа, магија, како и можноста да се види иднината
* Сварталвхејм, светот на темните џуџиња
* Мидгард, светот на луѓето
* Масплхејм, светот на огнот и огнените џинови
* Нифлхејм, светот на мразот и студот
* Јотунхејм, светот на џиновите
* Хелхејм, светот на мртвите
Позначајни и попознати богови во нордиската митологија се: Один (бог на победата, радоста и мудроста),Тор (бог на громот и на војната), Хајмдал (чувар на Азгард), Хел (божица на подземјето), Ходр (божица на зимата), Идун (бог на младоста), Јорд (бог на земјата), Локи (бог на злото), Мани (божица на месечината), Нјорд (бог на морето и ветрот), Сиф (божица на жетвата), Сол (божица на сонцето), Тир (бог на војната), Вали (бог на осветата), Видар (бог на шумите) и други
 
Викинзите верувале дека помеѓу Азгард и Мидгард има мост во вид на виножито, преку кој душите на храбрите воини кои загинале и биле избрани од Один и Валкирите(најубавите жени, кои имале крилја и биле воини, испратени од Один) ги пренесувале во Валхала, каде заедно со боговите, воините кои живееле и умреле чесно, јаделе и пиеле, а навечер се мечувале.
== Надворешни врски ==
* Музеи
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Викинзи