Разлика помеѓу преработките на „Плаошник“

Додадени 1.554 бајти ,  пред 12 години
с
нема опис на уредувањето
(додаден поднаслов за црквата)
с
Светиклиментовиот гроб во новиот храм е на старата гробна конструкција, целиот под стакло, а над него има саркофаг од мермер во кој се наоѓа ковчежето со моштите на свети Климент.
 
==КлиментовСветиклиментов универзитет==
 
Во манастирот околу црквата во времето на Св. Климент се наоѓала [[Охридската школа]], жариште на словенската писменост и култура. Овде Климент Охридски, прв писател меѓу македонските Словени, ги составувал своите литературни творби, меѓу кои и [[Похвала на Кирил Филозоф|Пофалното слово за Кирил]], ремек-дело на средновековната словенска книжевност. Меѓу археолошките остатоци во Климетовата црква Св. Пантелејмон се наоѓа и гробницата на самиот свети Климент. Според житието на архиепископот Теофилакт за Климент Охридски, големиот словенски просветител оваа гробница ја направил со своја рака и во неа бил погребан во 916 година.
 
Во тек е (2008) проект за обновување на Светиклиментовиот универзитет кој треба да претставува реминисценција на Светиклиментовото време и дух во модерно значење. За таа цел, во 2007 е формиран Одбор за возобнова на Светиклиментовиот универзитет, составен од еминентни научници, црковни и официјални лица, кој раководи со проектот. По целосното археолошко истражување, ќе се изградат нови објекти во кои ќе биде сместена голема библиотека, [[Галеријата на икони]], како и старите ракописи од Музејот и завод - Охрид и од други културни и научни центри, а еден дел објекти ќе и бидат доделени на [[МПЦ]]. Универзитетот треба да биде спој на световното и сакралното. Според планот, проектот треба да биде завршен во 2009-та година. <ref>[http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=18126&rub=43 Култура во Македонија: Конституиран Одбор за возобнова на Светиклиментовиот универзитет]</ref>
 
==Археолошки истражувања==
 
Народното предание дека на ова место постои Климентова црква и неговата гробница, било потврдено по првите археолошки ископувања во 1943 година, кога проф. [[Димче Коцо]] ги открил темелите на Климентовата црква и во исто време и гробницата на св. [[Климент Охридски]]<ref>[http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/vrdetails.php?vr_ID=50 360° Македонија - Плаошник]</ref>. Врз темелите на ранохристијанската базилика, од која се зачувани остатоци, била изградена црква со триконхална форма (лист на детелина), архитектонски облици какви што биле негувани во IX век во [[Византија]]. Црквата била обновена во XII век, а потоа уште еднаш во XIII век. Понатака кон оваа црква биле доградувани капели, а во XIV век припрата и надворешна припрата со камбанарија. Фреските од првобитната Климентова црква од IX век не се зачувани. Фрагментите на пронајдените фрески, во текот на археолошките истражувања, им припаѓаат на три различни периоди на обновувањето и проширувањето на Климентовиот манастир. По доаѓањето на Османлиите, Климентовата црква била претворена во џамија, позната под називот Имарет џамија, која повеќе не постои.
 
Меѓу археолошките остатоци во Климетовата црква Св. Пантелејмон се наоѓа и гробницата на самиот свети Климент. Според житието на архиепископот Теофилакт за Климент Охридски, големиот словенски просветител оваа гробница ја направил со своја рака и во неа бил погребан во 916 година.
 
Врз археолошките остатоци на најстариот словенски манастир Св. Пантелејмон, кој во 893 година го изградил св. Климент Охридски, се наоѓа новоизградениот храм. Завршните ископувања во Плаошник во Охрид, археологот [[Владо Маленко]] ги почна есента 1999 година по отстранувањето на остатоците на Имарет џамија. Целта беше да се овозможат услови за возобновувањето на Светиклиментовиот храм. Тогаш археологот Маленко ја откри крстилницата на петтокорабната базилика со кукасти крстови (свастики) на мозаичните подови кои потекнуваат од периодот меѓу IV и VI век. Се претпоставува дека ова ранохристијанска базилика во Плаошник врз која бил изграден Климентовиот манастир во IX век била посветена на [[Апостол Павле]]. Во Лихнид, денешен Охрид, апостолот Павле христијанството го проповедал во I век од нашата ера.
4.318

уредувања