Богомилство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Надворешни врски: дополнување
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Razvoj bogumilstva.jpg|мини|десно|250п|Развој на Богомилствотобогомилството од X до XV век]]
'''Богомилство''' — [[христијанско]] верско учење во средновековна [[Македонија]] и пошироко. Се појави како реакција на социјалното раслојување што настана како резултат на воведувањето на [[феудализам|феудализмот]] и на поддршката на власта од страна на официјалната христијанска црква. Богомилството било [[дуализам|дуалистичко]] учење според кое реалниот свет го создал не Богот, туку ѓаволот. Богомилите го отфрлале [[крст]]от како свој верски симбол, не граделе [[Црква (објект)|цркви]] и своите обреди ги вршеле на отворен простор, ја осудувале црковната хиерархија и сметале дека [[Исус]] не бил Син божји, туку обичен човек. Името го добиле по [[Поп Богомил|попот Богомил]], по кого, пак, е наречено селото [[Богомила]].
 
== Појава на богомилството ==
[[Податотека:Наум и Богомилите.jpg|мини|десно|[[Свети Наум]] и Богомилитебогомилите]]
Крајот на 9 и почетокот на [[10 век]] е означен со крупни промени во општествената структура на македонските племиња. Во тоа време, територијата на македонските племиња влегува во состав на моќната феудална држава на бугарскиот [[Цар Симеон I|цар Симеон]] (823-927). По завладувањето, за да ја задржи власта, како и заради можноста за побрза и поефикасна експлоатација, и на овој простор е проширена воено-административната поделба, каква што веќе постоела во [[Прво бугарско царство|Бугарското царство]]. Тоа значело и забрзано распаѓање на родовските [[Општина|општини]]. Во овој процес била вклучена и [[Црква|црквата]], која добивала поседи како подарок од [[Владетел|владетелите]]. Така црквата почнала да станува една од најсилните феудални институции. Како крупен големопоседник, таа застанала на страна на [[монархија]]та, во одбрана на вака поставениот општествен поредок.
 
Околностите во кои се нашле [[Македонци]]те, посебно се влошиле во средината на [[10 век]], за време на владеењето на [[Цар Петар I|царот Петар]] ([[927]]-[[969]]), кога нагло биле зголемени даноците за големиот воено-административен апарат, кога ги завршил своите освојувачки походи. Во едни такви критични историски услови, се појавило силно народно движење, за верско и политичко ослободување - Богомилството.
 
[[Податотека:Great Schism 1054 with former borders.png|мини|десно|Религиозната дистрибуција во времето на [[Големата Шизма]],<ref>{{cite web|url=http://www.cartileonline.eu/carte/1025738/dragan-brujia-vodia-kroz-svet-vizantijeDragan|title=Vodič kroz svet Vizantije (Guide to the Byzantine World)|accessdate=|author=Dragan Brujić |authorlink=|year=2005|work= |publisher=Beograd|page=51|language=|archiveurl=|archivedate=|quote= }}</ref> при што Богомилитебогомилите се концентрирани на Балканот.]]
Власта и официјалната христијанска црква жестоко ги прогонувале богомилите, поради што богомилството замрело. Покрај тоа ги палеле богомилските книги, поради што денес малку се знае за богомилството и тоа пред сè од списите на нивните противници, каде богомилските ставови биле критикувани.
 
Богомилите во Македонија се појавувиле во времето кога на бугарскиот престол бил Петар (927- 969). Од ова време не се зачувани богомилски книги, иако според многу извори тогаш ги имало доста. „Основен извор за појавеното богомилско движење во Х век е Беседата„Беседата против богомилитебогомилите“ од [[Презвитер Козма]]. Како заштитник на интересите на бугарската црква, Козма го напишал ова дело со цел да ги разобличи богомилите, да го осуди нивното движење и да ги оттргне масите од нив, да не станат ’еретици‘ – богомили.“
 
== Учењето на богомилите ==
 
Движењето го започнал попот Богомил за чие постоење нема сомнение. Тешко е точно да се одреди каде се појавува ова движење, но сигурно е дека се појавува во [[Македонија]]. Според легендата, попот Богомил бил по потекло од селото [[Богомила]], велешко, а живеел и се криел на планината [[Бабуна]]. Богомилите биле под влијание на [[манихејство]]то, но и на старата [[словенска религија]]. Тие верувале дека светот е борба на доброто и злото и дека на крајот ќе победи доброто.
 
Ред 21 ⟶ 20:
Ваквите сознанија за потеклото на човекот се среќаваат во повеќе богомилски книги, во прв ред во апокрифот „Јованово евангелие“, познат и како Тајна книга, напишан веројатно во [[12 век]].<ref>Бранко Панов, „Средновековна Македонија“, Мисла, Скопје, 1985, том 3, стр. 290.</ref>
 
Богомилите биле против официјалното [[христијанство]] и против [[црква]]та, не граделе храмови и не признавале празници. Тие дури го отфрлаат и [[Стар Завет|Стариот Завет]] поради својата суровост и не ја признаваат државата. Нивното учење било во голема мера револуционерно. Богомилите не прифаќале да носат оружје и да водат војни, поради што се жестоко казнувани од сите држави до каде што стигнале. Ги казнувале [[Византијци]]те, бугарскиот цар Петар и српскиот владетел [[Стефан Немања]]. Тие се прошириле и до [[Хрватска]] и [[Босна]] и [[Захумје]] (денешна [[Херцеговина]]), каде што биле прогонувани од страна на црквата. Богомилите нашле засолниште во босанските планини и се прошириле до таа мера што станале официјална црква наречена - [[Босанска црква|Црква Босанска]]. Богомилството го прифатил банот Кулин и ги штител богомилите и од [[Византија]], [[Унгарија]] и [[Рим]]. Исто така, богомилите ги отфрлувале странските имиња, грчки и еврејски под влијание на [[Библија]]та, и имале само словенски имиња како: Годин, Љубомир, Твртко, Радомир, Мирослав, Болеслав, Драгомир, Владимир, Драгош, Будислав итн. Тие ги отфрлаат и грчкото и латинското писмо и документите зачувани во Босна се пишувани на старото кирилско писмо и на писмото познато под име: „Босанчица“.
 
==Богомилите како тема во уметноста и во популарната култура==
Ред 35 ⟶ 34:
* [https://www.marxists.org/makedonski/istorija/makedonija/bogomili.htm Богомили (извадок од „Работничкиот речник“)] (1902)
* [http://www.marxists.org/makedonski/racin/1939/bogomilite.htm Кочо Рацин „Богомилите“] (1939)
* [https://www.marxists.org/makedonski/racin/dragovitski-bogomili.htm Кочо Рацин „Драговитските богомили“] (1938-1940)
 
== Наводи ==