Плаошник: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 19:
Народното предание дека на ова место постои Климентова црква и неговата гробница, било потврдено по првите археолошки ископувања во 1943 година, кога проф. [[Димче Коцо]] ги открил темелите на Климентовата црква и во исто време и гробницата на св. [[Климент Охридски]]<ref>[http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/vrdetails.php?vr_ID=50 360° Македонија - Плаошник]</ref>. Врз темелите на ранохристијанската базилика, од која се зачувани остатоци, била изградена црква со триконхална форма (лист на детелина), архитектонски облици какви што биле негувани во IX век во [[Византија]]. Црквата била обновена во XII век, а потоа уште еднаш во XIII век. Понатака кон оваа црква биле доградувани капели, а во XIV век припрата и надворешна припрата со камбанарија. Фреските од првобитната Климентова црква од IX век не се зачувани. Фрагментите на пронајдените фрески, во текот на археолошките истражувања, им припаѓаат на три различни периоди на обновувањето и проширувањето на Климентовиот манастир. По доаѓањето на Османлиите, Климентовата црква била претворена во џамија, позната под називот Имарет џамија, која повеќе не постои.
 
Врз археолошките остатоци на најстариот словенски манастир Св. Пантелејмон, кој во 893 година го изградил св. Климент Охридски, се наоѓа новоизградениот храм. Завршните ископувања во Плаошник во Охрид, археологот [[Владо Маленко]] ги почна есента 1999 година по отстранувањето на остатоците на Имарет џамија. Целта беше да се овозможат услови за возобновувањето на Светиклиментовиот храм. Тогаш археологот Маленко ја откри крстилницата на петтокорабната базилика со кукасти крстови (свастики) на мозаичните подови кои потекнуваат од периодот меѓу IV и VI век. Се претпоставува дека ова ранохристијанска базилика во Плаошник врз која бил изграден Климентовиот манастир во IX век била посветена на [[Апостол Павле]]. Во Лихнид, денешен Охрид, апостолот Павле христијанството го проповедал во I век од нашата ера.
 
Во 2007 година било откриено депо со 2383 венецијански сребрени монети од 14. век, сите сместени во керамички сад. Монетите се од извонредно значење, бидејќи ја покажуваат трговската врска помеѓу Охрид, односно манастирот "Свети Климент" и Венеција во 14 век, вели [[Паско Кузман]].<ref>[http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DE838A0CC50FAB439AACBCA539A33AA6 Вечер 10.10.2007: На Плаошник откриено депо со венецијански сребрени монети]</ref>
 
Во моментов (август 2008) во тек се истражувања на конаците на манастирот и [[Климентовиот универзитет]] кои се наоѓале во близина на црквата.
 
===Предклиментов период===