Горна Бела Црква: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 48:
 
Во [[19 век]], Горна Бела Црква се наоѓало во Битолската каза, нахија Горна Преспа, во [[Отоманско Царство|Отоманското Царство]].
 
До 1912 година, Горна Бела Црква било под турска власт, а тој склоп и беговски чифлик.<ref name="книга" />
 
Во [[Прва Балканска војна|Првата Балканска војна]] (ноември 1912), селото се нашло под српска власт, а во текот на [[Прва светска војна|Првата светска војна]] под бугарска окупација. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на [[Антанта]]та.<ref name="книга" />
 
По завршувањето на Првата светска војна, Горна Бела Црква повторно се нашло под српска власт. Во овој период, селото било во состав на општината Царев Двор.<ref name="книга" />
 
Во [[Втора светска војна|Втората светска војна]] селото паднало под окупација на фашистичка [[Италија]] (мај 1941 година), со што се нашло во составот на т.н. [[Голема Албанија]]. По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) паднало под окупација на фашистичка [[Бугарија]], под која останало до ослободувањето на 5 септември 1944 година.<ref name="книга" />
 
За прв пат од постоењето, училиште на [[албански јазик]] во селото било отворено во 1942 година, изградено од мештанинот Бајрам Тефику, кое и ден денес постои.