Плаошник: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 25:
Во 2008 година откриен е гроб на покојничка од висок општествен ранг од железното време. Се проценува дека откритието датира од преминот на осмиот во седмиот век пред нашата ера и станува збор за оставнина на [[Енгелани]]те, кои во тоа време ја населувале западна Македонија. Гробницата се разликува од сличните откритија пронајдени на археолошките локалитети во источниот дел на Македонија по бројноста на зачуваните артефакти. Телото на покојничката било закопано со бронзена лентеста дијадема поставена на главата на починатата, потоа бронзен појас со трилисни украсни додатоци, масивни бронзени белегзии и други украси.<ref>[http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=13061 Кирилица: На Плаошник откриена покојничка од железно време]</ref>
 
Во 2007. година, бронзената фигура висока 20см на човек со крила, наречена „Дедал“ е пронајдена под мозаичната површина. Била откопана од црвена земја која содржи најмалку хемикалии и придонела фигурата да биде сочувана. Била обвиткана со голем слој на платинапатина, па во прв момент не се знаело за каков предмет се работи. Откако ја исчистиле, археолозите сфатиле дека ова е единствено откритие, слична фигура досега не е пронајдена никаде на Балканот, а и пошироко.<ref>[http://forums.vmacedonia.com/f27/figura-stara-preku-2-300-g-otkriena-na-plaoshnik-2318/ Виртуелна Македонија: Фигура стара преку 2.300 г. откриена на Плаошник]</ref>
 
Во 2002. била пронајдена монументална и богато декорирана ранохристијанска крстилница, каква што досега не е најдена во Македонија. Крстилницата е со огромни димензии, многу поголема од онаа во [[Стоби]], а украсена со прекрасни мозаици кои се со претстави на геометриски и животински фигури. Оваа крстилница била дел од најстарата, а воедно и по своите димензии најголема петокорабна базилика (од 5. век) што е откриена на Плаошник, под Светиклиментовата црква.<ref>[http://www.vest.com.mk/default.asp?id=41626&idg=3&idb=625&rubrika=Kultura Вест 08.09.2002: Се осветува Светиклементовиот храм на Плаошник]</ref>