Разлика помеѓу преработките на „Стевчо Јакимовски“

дополнување
(средување и дополнителни податоци)
(дополнување)
Стевчо Јакимовски влегува во водите на политиката во 1988 година, како стручно-политички работник во Претседателството на младина на Југославија. Од тогаш, бил на повеќе раководни функции, меѓу кои: министер за [[Министерство за економија на Република Македонија|економија]], [[Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија|министер за труд и социјална политика]].
 
Функцијата градоначалник на [[општина Карпош]], Стевчо Јакимовски ја вршел во периодот од 2000 до 2003 година, а потоа во 2009 година, повторно е избран за градоначалник на општина Карпош. За време на неговиот мандат како градоначалник, општина Карпош е прогласена за најпосакувана дестинација за живеење, според анкетата на [[ЦИА]] спроведена во декември 2011 година. Исто така општината е прогласена за општина со највисока транспарентост (во 2010 година од страна на Форум Аналитика), општина со најголема социјална инклузија (од страна на Институтот „Евро Балкан“ во 2010 година), најтранспарентна општина меѓу 12 општини во државата (од фондацијата ФИООМ и ЦРЛД за периодот 2011-2012), а [[општина Карпош]] стана единствена општина-членка на Европското тело за хигиенски инженеринг и дизајн (EHEDG), кое се грижи за контролата и безбедноста на храната во градинките на територијата на целата општина.
 
Во 2013 година, Стевчо Јакимовски формира своја политичка партија Граѓанска опција за Македонија ([[ГРОМ]]), со која првпат настапува на [[Македонски претседателски избори (2014)|претседателските избори]] во 2014 година, како и на предвремените [[Македонски парламентарни избори (2014)|парламентарни избори во 2014 година]].
 
== Награди и признанија ==
Стевчо Јакимовски за својата активност е добитник на повеќе меѓународни награди и признанија.
 
*„Најградоначалник за Југоисточна и Средна Европа – 2012“, награда доделена од страна на дирекцијата на Агенцијата за избор на најменаџери од Босна и Херцеговина, за Југоисточна и Средна Европа, 5 јули 2012 година, Сараево
 
*„Златна плакета за поддршка на претприемништвото“ во регионални рамки, награда доделена од Унијата на претприемачи и занаетчии од Регионот на Јужна Србија, 18 декември 2012, Ниш
 
*„Климатска ѕвезда 2016“, наградата доделена од Климатската алијанса, 6 октомври 2016 година, [[Кремс]], Долна Австрија