Теофраст: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Theophrastus2.jpg|thumb|220px|Теофраст]]
{{Аристотелијанизам}}
'''Теофраст''' ([[грчки јазик|грч.]]: Θεόφραστος) (372-287 год. п.н.е.) e [[книжевност|книжевник]] и [[философ]], роден во [[Ерез]], град на [[остров]]от [[Лезбос]], денешна [[Грција]].

== Живот ==
Вистинското име му било Тиртам. Првиот учител му бил [[Леосип]], ученикот на [[Зенон]]. Потоа Теофраст отишол во Академијата на [[Платон]], и на крај преминал кај [[Аристотел]], каде бил најзабележителен меѓу учениците. Новиот учител Аристотел му го променил името од Тиртам → во Ефраст, што значи: ''кој зборува добро'', а потоа заради неговата генијалност и красноречие го нарекол Теофраст т.е. ''чиј јазик е божествен''.
 
Според [[Авел Гелиј]], кога Аристотел бил обвинет од [[Еримонд]], свештеник на божицата [[Церера (митологија)|Церера]], како непријател на боговите, а за да ја избегне судбината на [[Сократ]], ја напуштил [[Атина]] и отишол во [[Калис]], на островот [[Евбија]]. Академијата му ја оставил на својот ученик Теофраст од Лезбос, како и сите свои дела за да ги чува како тајна, по што философските и другите книги Теофраст ги издал во името на [[Аристотел]].