Астрономија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 7:
Љубопитноста на античките народи за денот и ноќта, Сонцето, Месечината и ѕвездите најпосле ги довела до набљудувања со кои небесните тела изгледале дека се движат по еден вообичаен терк. Ова движење се покажало од голема корист при дефинирањето на времето, локацијата и правците на Земјата. Астрономијата всушност потекнала од самите проблеми со кои се соочиле уште првите цивилизации. Античките народи имале потреба од воспоставување на вистинските периоди на садење и жнеење на житата како и за нивните ритуални и религиозни прослави. Движењето на небесните тела им помагало да го мерат времето при долгите патувања на вршење на стоковата размена.
Најстарите пронајдени цртежи поврзани со небесните набљудувања датираат од пред 3000 година п.н.е. На самите цртежи кои биле нанесувани на коски, а најчесто на пештерските ѕидови, се наоѓаат претставени [[соѕвездија]] како [[Големата Мечка]], [[Касиопеја]] онака како што тогаш изгледале.<br />
Културата на [[Историја на Кина|древните Кинези]] датира уште од 3000 година п.н.е. кога почнува да се развива нивната астрономија. Тие уште тогаш знаеле да ги предвидат затемнувањата на [[Сонцето]] и [[Месечината]], да ги определат [[рамнодневниците]] и горната и долната [[кулуминација]]. Времето го мереле со помош на [[сончев часовник|сончеви часовници]], а воедно се и првите луѓе кои почнале да зборуваат за [[сончева дамки|сончевите пегидамки]] кои случјно ги откриле кога прку густиот чад на голем пожар погледнале кон Сонцето.<br />
Од периодот од 3000 година п.н.е. се среќаваат и интересни градби меѓу кои се издвојува најстарата астрономска [[опсерваторија]], [[Стоунхенџ]] (помеѓу 3000 и 1000 година п.н.е.). Тоа се, всушност, огромни камени блокови кружно распоредени кои се лоцирани близу [[Салсбург]], [[Англија]]. Се смета дека за предисториските луѓе [[Стоунхенџ]] претставувал еден вид ритуален споменик. Малку се знае за неговата вистинска функција, но се верува дека неговата структура им овозможувала на неговите градители да ги предвидат положбата на Сонцето, рамнодневниците, [[затемнување на сонцето|затемнувањата]] и други настани од [[Дончев календар|Сончевиот календар]].<br />
[[Месопотамија|Месопотамците]] биле први од античките набљудувачи на [[ѕвезди]] кои направиле обид за уредување на деновите, односно месеците во еден постојан временски систем, односно [[календар]]. Тие ги делеле светлите тала на небото на подвижни и неподвижни ѕвезди. Петте “подвижни ѕвезди” биле [[Меркур]], [[Венера]], [[Марс]], [[Јупитер]] и [[Сатурн]]. Подоцна овие тела го добиле името планети (“скитници”). Тие, заедно со Сонцето и Месечината, се движат околу ѕвездената сфера во еден тенок појас кој бил наречен [[Зодијак]]. На секое соѕвездие му бил определен период на “владеење” кој се совпаѓал со периодот за кој Сонцето привидно минувало низ тој дел од сферата. Овие соѕвездија подоцна биле именувани од [[Птоломеј]], астроном кој живеек во вториот век од нашата ера, и тоа со следниве имиња: [[Овен (соѕвездие)|Овен]], [[Бик (соѕвездие)|Бик]]), [[Близнаци (соѕвездие)|Близнаци]]), [[Рак (соѕвездие)|Рак]], [[Лав (соѕвездие)|Лав]], [[Девица (соѕвездие)|Девица]], [[Вага (соѕвездие)|Вага]], [[Шкорпија (соѕвездие)|Шкорпија]], [[Стрелец (соѕвездие)|Стрелец]], [[Јарец (соѕвездие)|Јарец]], [[Водолија (соѕвездие)|Водолија]] и [[Риби (соѕвездие)|Риби]].<br />