Википедија:Песок: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
Во 2011г. стариот манастир е срушен и целосно е реконструиран,со што на 15.10.2011 е извршено поставување на камен-темелник на новата манастирска црква,а на 24.11.2012 манастирот е осветен.Со доградбата на манастирскиот конак,до 2015 година се изградија и осветија манастирската црква, камбанаријата и манастирскиот конак.
===Осветување на манастирот Св.Ѓорги===
На 24. 11. 2012 година, Св. вмч – ци Мино, Виктор и Викентиј, препод. Теодор Студит, Неговото Блаженство [[Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан]], зедно со Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот Дамаскин и свештеници од МПЦ – ОА, по повод 45 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква, ја осветиле новоизградената манастирска црква посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – [[Радовиш]], ктиторско дело на г. Николајчо Николов со неговото семејство . По чинот осветување, ктиторот г. Николајчо Николов на свечен начин ја предал новоизградената манастирска црква на МПЦ – ОА односно Брегалничка Епархија. За оваа големо ктиторско дело, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион го одликувал со златен орден со ликот на „Св. Николај Мирликијски Чудотворец“ кој орден му бешебил предаден од Неговото Блаженство [[Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан]]. По осветувањето Неговото Блаженство [[Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан]], заедно со Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужителите, отслужиле Света Архиерејска Литургија и одржале содржајна пригодна беседа,во меѓувреме бил поставен и камен – темелник за изградба на камбанарија чие што ктиторско дело ќе биде на г. Николајчо Николов со неговото семејство.