Википедија:Песок: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ред 5:
=='''Манастир Св.Ѓорги (Ораовица)'''==
===Географска положба===
'''''Манастирот Свети Великомаченик Георгиј''''' се наоѓа на 2 километри северно од селото [[Ораовица]],под падините (во подножјето) на планините [[Плачковица]] и [[Изведен]],во меѓувреме е и еден од најпосетуваните православни светилишта во Радовишкиот крај.Според ваквите одлики овој манастир се карактеризира со одлична географска положба.
Манастирот е поврзан со асфалтен пат до селото Ораовица,а исто така постои и пешачка патека од селото Ораовица до манастирот Св.Ѓорги.Оваа патека која води до едно од најубавите излетнички места во Радовишкиот крај е со должина од 1.700 метри,а е комплетно уредена со урбана опрема,како што се клупи и осветленост на истата,со што се овозможува полесен пристап до самиот манастир.
Благодарение на токму ваквата просторна сместеност (географската положба) на манастирот,е овозможено многу пошироко географско контактирање и овозможен пристап до истиот,а со тоа и подобри услови за развој на туризмот.
Ред 13:
Во 2011г. стариот манастир е срушен и целосно е реконструиран,со што на 15.10.2011 е извршено поставување на камен-темелник на новата манастирска црква,а на 24.11.2012 манастирот е осветен.Со доградбата на манастирскиот конак,до 2015 година се изградија и осветија манастирската црква, камбанаријата и манастирскиот конак.
===Осветување на манастирот Св.Ѓорги===
На 24. 11. 2012 година, Св. вмч – ци Мино, Виктор и Викентиј, препод. Теодор Студит, Неговото Блаженство [[Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан]], зедно со Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот Дамаскин и свештеници од МПЦ – ОА, по повод 45 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква, ја осветиосветиле новоизградената манастирска црква посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – [[Радовиш]], ктиторско дело на г. Николајчо Николов со неговото семејство . По чинот осветување, ктиторот г. Николајчо Николов на свечен начин ја предадепредал новоизградената манастирска црква на МПЦ – ОА односно Брегалничка Епархија. За оваа големо ктиторско дело, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион го одликувашеодликувал со златен орден со ликот на „Св. Николај Мирликијски Чудотворец“ кој орден му беше предаден од Неговото Блаженство [[Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан]]. По осветувањето Неговото Блаженство [[Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан]], зеднозаедно со Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужителите, отслужиотслужиле Света Архиерејска Литургија и одржаодржале содржајна пригодна беседа. Митрополитот Брегалнички г. Иларион му се заблагодари на Духовнот Татко на Нацијата Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на ктиторот г. Николајчо Николов и по предлог на ктиторот на личностите кои помогнале во изградбата им додели Благодарници. Ктиторот г. Николајчо Николов во знак на благодарност кон Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион им подари по една панагија со ликот на Пресвета Богородица.
По ова во манастирскот комлекс Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужителите, осветиосветиле и поставипоставиле камен – темелник за изградба на камбанарија чие што ктиторско дело ќе биде на г. Николајчо Николов со неговото семејство. На свечената манастирска трпеза на љубовта, за сите присутни верници, од Црковното Настојателство од с. Ораовица во знак на благодарност на ктиторот г. Николајчо Николов му беше подарено рачен часовник а на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион мантија. Свеченоста продолжи со културно македонска програма во чест на осветувањето на овој прекрасен Православен Македонски Божји бисер.