Филип II Македонски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
rv
Ред 69:
Неуспешните опсади на Перинт и Визант го загрозуваат влијанието на Филип во Грција. Сепак, набрзо Филип ги победил здружените Тебанци и Атињани во [[битката кај Херонеја]] во [[338 п.н.е.]]
 
Во [[337 п.н.е.]] на конгресот на грчките градови во [[Коринт]], сите тие, освен [[Спарта]], биле приморани да го потпишат Општиот Мир диктиран од Филип II и ја формираат [[Коринска лига|Коринската лига]]. Условите на мирот биле: да не војуваат меѓусебно, склучување на сојузи, менување на политичкото уредување, стапување на служба во туѓи држави, објавување на војна на секој кој ќе го прекрши Мирот. Иако со овој договорКУР им давал автономија на полисите и не ги ставал директно под македонска власт тие биле зависни од Македонската држава со бројните ограничувања и немањето на надворешна политика. Филип бил избран за водач ([[хегемон]]) т.е. за политички и воен водач. Со Општиот Мир и обезбедената заднина од можни востанија во Грција тој започнал големи воени подготовки за походот што планирал да го презеде против најголемата тогашна империја [[Персија]].
[[Податотека:Споменик на Филип (Скопје - Автокоманда).jpg|мини|десно|350п|Споменик на Филип, Скопје]]
Сепак, Филип не успева да го поведе походот против Персија. Во [[336 п.н.е.]] бил убиен во [[Ајга]] за време на свадбата помеѓу [[Александар I Епирски]] и [[Клеопатра Македонска|Клеопатра]], ќерка на Филип од неговиот брак со [[Олимпија]]. Убиец бил [[Павзаниј од Орестида]], еден од неговите седум телохранители.