Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Селска чешма“

:::Конкретно за мојот случај, моментално не ми се потребни администраторските алатки и не сум многу активен тука (уредувам барем еднаш месечно, ама обично анонимно). Така што, ако мислите дека има потреба (вие треба да го знаете тоа, јас не сум многу во тек), веројатно ќе биде ок да не сум веќе администратор. Ако некогаш добијам мотивација да се вратам на Википедија на македонски јазик, најверојатно ќе ми треба администраторски статус, зашто обично се бавам со такви работи, ама тоа тогаш, накнадно.
:::Да сумирам: јас не гледам причина, односно не знам како нешто би сменило тоа, ама ако вие мислите дека треба, ве поддржувам. —<font color="black">[[User:INkubusse|iNkubusse]]</font><sup>[[User talk:INkubusse|<i> A?</i>]]</sup> 02:15, 25 јануари 2017 (CET) P.S. Хаха, guitardemon666 и Виктор Јованоски ми беа другарчиња, ама претпоставувам и тие остареле. Само [[User:Kiril Simeonovski|Кирил]] не се предава! :D
::::8 до 10 години!
::::Толку многу сме остареле, INkubusse, што се изненадив дека некој ми пишал: бидејќи средував нешто ситно на англиската Википедија, си мислев дека нотификацијата се однесува на нешто тамошно, ама бидејќи и јас, како тебе, ретко (и главно анонимно) уредувам, ми требаа неколку секунди да сфатам кој и каде ми пишува. Би се повторил кога би напишал што и да е повеќе по однос на темава: да пишував пред INkubusse, веројатно ќе напишев нешто многу слично. Премногу работни обврски и нереализирани цели на личен план за да насетам враќање во блиска иднина, па не гледам зошто не би бил преместен од [[Википедија:Список на администратори|поделокот на неактивни во оној на поранешни администратори]]; и самиот, кога пред некое време ги гледав листите, сфатив дека припаѓам таму: неколку години имав задоволство да работам со оние од листата на неактивни и поранешни администратори, а дел од активните администратори ([[Корисник:Raso mk|Raso mk]], [[Корисник:Тиверополник|Тиверополник]], [[Корисник:MacedonianBoy|MacedonianBoy]]) го стекнуваа своето реноме и статус некако паралелно со нашата деволуција од активни во полуактивни администратори; останатите, ако не се лажам, некаде тогаш почнуваа активно да уредуваат. Природна смена на генерации. Секако, концепт без никакво значење за [[Корисник:Bjankuloski06|Бојан]] и [[User:Kiril Simeonovski|Кирил]].
::::Беше убаво додека имавме време. Светот, за жал, да ти бил безнадежно различен и не многу заинтересиран за аргументи. Капа долу до сите што издржавте. – [[User:Виктор Јованоски|Виктор Јованоски]] <small>([[User talk:Виктор Јованоски|разговор]])</small> 10:59, 28 јануари 2017 (CET)