Бура (драма): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Бура''' ({{lang-en|The Tempest}}) — драма од [[Вилијам Шекспир]]. Се верува дека драмата е напишана околу 1610-1611 година и многу критичари сметаат дека е последната драма што [[Шекспир]] ја напишал сам. Дејствoто се одвива на далечен остров, каде [[Просперо]], избрканиот војвода на Милано, користејќи илузии и манипулација размислува за тоа како да ја врати својата ќерка Миранда на нејзиното вистинско место. Тој создава бура за да го намами својот брат Антонио, кој е сегашен војвода на Милано, иако нема право на тоа, и неговиот соучесник Алонсо, кралот на Неапол. Таму, неговите планови ја откриваат подлата природа на Антонио, избавувањето на Алонсо и бракот на Миранда со синот на Алонсо, Фердинанд.
 
Не постои единствен и очигледен извор кој служи како основа за приказната во „Бура“, но истражувачите пронашле паралели во „Науфрагиум“ на Ерасмус[[Еразмо Ротердамски]], „Де орбо ново“ на ПитерПетар МартрМартир, и во изјавата од Вилијам Страхеј, кој запознал човек , очевидец на потонувањето на бродот „Морско патување“ кај Бермудските острови. Притоа, еден од говорите на Гонзало потекнува од есејот „За канибалите“ од Монтењ; и голем дел од прошталниот говор на Просперо е преземен од збор до збор од Медеја од поемата „Метаморфоза“ на Овид. Маскарадата во чин 4 се смета дека е додадена подоцна, во чест на венчавката на принцезата Елизабета и Фредерик Петти во 1613 година. Драмата за првпат е издадена во „Првото фолио“ во 1632 година.
 
Приказната се темели на традицијата на романтичарскиот жанр, но исто така на самата приказна влијаат трагикомедијата и кралската маскарада и можеби и „комедиа дел’арте“. Драмата се разликува од другите драми на [[Шекспир]] во нејзиното користење на построг, поорганизиран неокласичен стил. Критичарите ја гледаат „Бура“ како премногу само загрижувачка драма која често ја поврзува „уметноста“ на Просперо и театарската илузија; раните критичари го гледале Просперо како репрезентација на [[Шекспир]] и Просперовото простување со магијата го сметале како простување на [[Шекспир]] со театарот. Драмата го претставува Просперо како рационален маѓесник кој не се занимава со окултизмот и за да се докаже ова, во драмата е направено споредба помеѓу Просперо и Сикоракса. Магијата на [[Сикоракса]] е често опишана како деструктивна и ужасна, додека магијата на Просперо е опишана како чудесна и прекрасна. Во 1950-те години, со издавањето на „Психологија на колонизирањето“ од Октав Манони, „Бура“ била видена сè повеќе и повеќе низ призмата на пост-колонијалната теорија и има дури и школска статија за пост-колонијална критика наречена Калибан. Миранда обично била видена како девојка која длабоко го почитува патријахалниот ред на работите, сметајќи се себеси како потчинета на татка си.
Ред 54:
==Современи извори==
 
Не постои единствен и очигледен извор кој служи како основа за приказната во „Бура“; драмата изгледа дека е составена од повеќе извори.Уште од 18 век, од самото започнување на школото кое ги истражува изворите, истражувачите пронашле извадоци во „Бура“ од „Нафрагиум“, напишана од ЕрасмусЕразмо Ротердамски, и преводот на Ричард Еден од 1555 за „Де орбо ново“, напишана од Питер Мартр. Притоа, повеќето критичари сметаат дека „Вистинскиот извештај за бродоломот и избавување на Сер Томас Гејтс, витезот“ на Вилијам Страхеј, извештај кој е изјава од очевидец за потонувањето на бродот „Морско патување“ на островот Бермуда во 1609 година додека пловел кон Вирџинија, е земен како основен извор на [[Шекспир]] за „Бура“ поради сличностите во темата, приказната и речникот. Иако не е објавена се до 1625 година, изјавата на Страхеј, една од неколкуте кои го објаснуваат инцидентот, е датирана од 15 јули 1610 година и критичарите велат дека [[Шекспир]] морал некаде да го види ракописот таа година. Е.К. Чејмберс го гледа „Вистинскиот извештај“ како шекспировиот „главен мотив“ за „Бура“, и современите издавачи велат дека [[Шекспир]] сигурно „преземал“ од Страхеј и Монтањ одредени делови во драмата. Но исто така има и скептицизам за наводното влијание на Страхеј. Кенет Мур тврди дека “нема сомневање дека [[Шекспир]] го прочитал „Вистинскиот извештај“ на Вилијам Страхеј, но степенот на вербалното ехо кој памфлетите го имаат е претеран. Не постои бродолом во историјата или фикцијата во кој не се спомнува делење, тонење на бродот поради товарот, сметањето на патниците за изгубени, недоволната острина на северните ветрови или пак неспособноста на патниците да се фатат за остатоците од бродот и да одпливаат до брегот“, и продолжува да вели дека „известувањето на Страхеј за бродоломот е комбиниран со мемоарите на Свети Павле и разговорите на Ерасмус“Еразмо“.
 
Викторијанските антиквари Џозеф Хантер и Карл Елц го оспориле датумот на објавување (1610-1611), и ова оспорување е оживеано од Роџер Стритматер и Лин Коситцки во 2007, односно 2009 година. Тие велат дека изворите кои се пред писмото на Страхеј се совпаѓаат со шекспировите изразувања и текстови.