Бура (драма): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
img
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[File:The Tempest (1908).webm|thumb|thumbtime=1|''The Tempest'' (1908)]]
'''Бура''' ([[англ.]] ''{{lang-en|The Tempest''}}) е драма напишана од [[Вилијам Шекспир]]. Се верува дека драмата е напишана околу 1610-1611 година и многу критичари сметаат дека е последната драма што [[Шекспир]] ја напишал сам. Дејствoто се одвива на далечен остров, каде [[Просперо]], избрканиот војвода одна Милано, користејќи илузии и манипулација размислува за тоа како да ја врати својата ќерка Миранда на нејзиното вистинско место. Тој создава бура за да го намами својот брат Антонио, кој е сегашен војвода на Милано, иако нема право на тоа, и неговиот соучесник Алонсо, кралот на Неапол. Таму, неговите планови ја откриваат подлата природа на Антонио, избавувањето на Алонсо и бракот на Миранда со синот на Алонсо, Фердинанд.
 
Не постои единствен и очигледен извор кој служи како основа за приказната во „Бура“, но истражувачите пронашле паралели во „Науфрагиум“ на Ерасмус, „Де орбо ново“ на Питер Мартр, и во изјавата од Вилијам Страхеј, кој запознал човек , очевидец на потонувањето на бродот „Морско патување“ кај Бермудските острови. Притоа, еден од говорите на Гонзало потекнува од есејот „За канибалите“ од Монтењ; и голем дел од прошталниот говор на Просперо е преземен од збор до збор од Медеја од поемата „Метаморфоза“ на Овид. Маскарадата во чин 4 се смета дека е додадена подоцна, во чест на венчавката на принцезата Елизабета и Фредерик Петти во 1613 година. Драмата за првпат е издадена во „Првото фолио“ во 1632 година.
 
Приказната се темели на традицијата на романтичарскиот жанр, но исто така на самата приказна влијаат трагикомедијата и кралската маскарада и можеби и „комедиа дел’арте“. Драмата се разликува од другите драми на [[Шекспир]] во нејзиното користење на построг, поорганизиран неокласичен стил. Критичарите ја гледаат „Бура“ како премногу само загрижувачка драма која често ја поврзува „уметноста“ на Просперо и театарската илузија; раните критичари го гледале Просперо како репрезентација на [[Шекспир]] и Просперовото простување со магијата го сметале како простување на [[Шекспир]] со театарот. Драмата го претставува Просперо како рационален маѓесник кој не се занимава со окултизмот и за да се докаже ова, во драмата е направено споредба помеѓу Просперо и СикораксСикоракса. Магијата на Сикоракс[[Сикоракса]] е често опишана како деструктивна и ужасна, додека магијата на Просперо е опишана како чудесна и прекрасна. Во 1950-те години, со издавањето на „Психологија на колонизирањето“ од Октав Манони, „Бура“ била видена сè повеќе и повеќе низ призмата на пост-колонијалната теорија и има дури и школска статија за пост-колонијална критика наречена Калибан. Миранда обично била видена како девојка која длабоко го почитува патријахалниот ред на работите, сметајќи се себеси како потчинета на татка си.
 
„Бура“ не привлекувала доволно внимание пред затворањето на театрите во 1632 година и станала популарна по Реставрацијата, но само во приспособени верзии. На половината од 19 век, театарските продукции започнале да го враќаат оригиналниот текст, а во 20 век критичарите и научниците започнале значајно проучување на вредноста на драмата и ова го променило мислењето за драмата до таа мера што сега оваа драма се смета за едно од најдобрите дела на Шекспир. Драмата е адаптирана многу пати во различни стилови и форми; во музиката, во најмалку 46 опери од композитори како што се Фроментал Халеви, Зденек Фибих, Ли Хоиби и Томас Адес; во оркестарски дела од [[Чајковски]], [[Артур Саливан]] и Артур Хонегер; во песни од различни изведувачи како што се [[Ралф Вилијамс]], Мајкл Њуман и Пит Сигер; во литературата, поемите како „Со гитара“ и „До Џејн“ на [[Перси Биш Шели]] и поемата „Морето и огледалото“ на [[Вистан Хју Одн|В.Х. Одн]]; во новелите на Еме Чезаре и Маргарет Лоренс; во сликите од [[Вилијам Хогарт]], [[Хенри Фузели]] и [[Џон Еверет Миле]]; во кинематографијата, во сценскиот перформанс на Херберт Бирбум Три во 1905 година, во научно-фантастичниот филм „Забранетата планета“ во 1956 и во „Книгите на Просперо“ на Питер Гринавеј во 1991 година, вклучувајќи го Џон Гилгуд како Просперо.
Ред 16:
Ариел – духот кој му помага на Просперо
 
Калибан – синот на вештерката СикораксСикоракса и роб на Просперо
 
Алонсо – кралот на Неапол
Ред 40:
==Краток преглед==
 
Маѓесникот Просперо, вистинскиот војвода на Милано и неговата ќерка Миранда, се заборавени на остров дванаесет години откако љубоморниот брат на Просперо, Антонио – потпомогнат од кралот на Неапол, Алонсо – го отфрла од тронот Просперо и го остава на брод со неговата тригодишна ќерка Миранда. Гонзало, кралскиот советник, тајно го полни бродот со многу храна, вода, алишта и највредните книги од библиотеката на Просперо. Поседувајќи волшебни моќи кои ги добил благодарение на долгогодишното образование и читање, на Просперо му служи дух по име Ариел, кој Просперо го спасил од дрво во кое Ариел бил заробен од вештерката СикораксСикоракса. Просперо ја одржува лојалноста на Ариел ветувајќи му дека ќе го ослободи од должноста. СикораксСикоракса била протерана на островот и починала пред да пристигне Просперо. Нејзиниот син Калибан, деформиран монструм и единствениот жител на островот пред пристигнувањето на Просперо, бил посвоен и одгледан од Просперо. Тој го научил Просперо како да преживее на островот, а за возврат Просперо и Миранда го учеле Калибан за религијата и нивниот јазик. Откако Калибан се обидел да ја силува Миранда, Просперо, со помош на своите моќи го направил Калибан свој роб. Како роб, Калибан започнал да ги мрази Просперо и неговата керќа, додека, Просперо и Миранда го гледаат Калибан со презир и одвратност.
 
Драмата започнува со Просперо, кој откако дознава дека Антонио се наоѓа на брод кој поминува блиску до островот, создава бура која го носи бродот на островот. На бродот исто така се наоѓаат и пријателот на Антонио, кралот на Неапол Алонсо, кој му помогна на Антонио да дојде на тронот, братот и синот на Алонсо (Себастијан и Фердинанд) и советникот на Алонсо, Гонзало. Сите овие патници се враќаат од свадбата на ќерката на Алонсо, Кларибел со кралот на Тунис. Просперо, со помош на своите магии, ги раздвојува патниците на неколку групи и така Алонсо, кој е разделен од Фердинанд, смета дека син му е мртов.