Жаби (комедија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис - благородно
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
| опис =
| автор = [[Аристофан]]
| хор = жаби, [[мистерии|воведеници]], жители на [[Хад|АдотАд]]от
| ликови = [[Дионис]]
[[Ксантија ]], роб на Дионис
[[Херакле]]
труп
[[Харон (митологија)|Харон]]
Еак, домар на Адот
слугинка
крчмарка
Платана, служавка во крчмата
[[Еврипид]]
[[Есхил]]
[[Плутон (митологија)|Плутон]]
разни статисти
| место_и_време = пред куќата на Херакле; езерото [[Ахерон]]; Адот
Ред 19:
== Кратка содржина ==

Во „Жаби“ грчкото божество [[Дионис]], очаен заради состојбата со трагичката уметност во [[Атина]], тргнува во [[Хад|АдотАд]]от за да го врати поетот [[Еврипид]] назад во живите. Со себе го носи својот роб – слуга Ксантија кој е попаметен, посилен, порационален, похрабар и поучтив. Уште на почетокот тие разменуваат реплики со хумор кој треба да ја засмее публиката, но кој всушност повикува на преиспитување на вкусот и на доведување во прашање на стандардите за книжевноста. Исто така служи и за исмевање на некои Аристофанови колеги [[комедиограф]]и.
За да најде соодветен пат до Адот, Дионис бара помош од својот полубрат [[Херакле]] кој веќе бил таму кога го земал [[Кербер]]. Дионис се појавува на неговата врата преоблечен како него и демонстрирајќи храброст што на Херакле ќе му биде смешно. Пред да ги добие саканите информации Дионис ќе дискутира со Херакле за книжевнoста со што ќе открие што всушност тој бара во Адот – да го врати во живите големиот поет Еврипид бидејќи од оние кои се останати повеќе нема големи поети.

Ред 40:
Во пародата настапува хорот на мисти, оние кои водат блажен живот во Адот бидејќи биле посветени на Елевсинските мистерии. Пародата содржи коментари упатени до соверемени личности, поети, политичари: комедиографот Кратин, даночникот Торикион, поетот Конесиј, екстремниот демократ и демагог Архедем итн.

Во текот на пародата дејството напредува. Дионис и неговиот роб Ксантија се наоѓаат пред влезот на [[Хад|Адот]]. Пред вратите доаѓа до замена на идентитеот, а бидејќи Еак, вратарот во Адот, ни со ќотек не може да открие кој е кој, ги испраќа двајцата кај [[Плутон (митологија)|Плутон]] за да се разреши забуната.

Хорот потоа ја изведува парабазата, интермецо кое не е поврзано со дејството на комедијата, а кое ги коментира актуелните политички случувања во [[Атина]]. Хорот бара простување за припадниците на олигархиската партија и ја нагласува вината на нивниот водач Фриних, а останатите ги смета за заведени. Бара за нив да се обезбеди јавно судење, кое е право на сите атињани, и да им се вратат политичките права. Го исмева Клерофонт, демагогот на екстремните демократи, противник на мирот. На крај заклучува дека во Атина се ценат лошите луѓе, а чесните и благородните се отфлени.