Разлика помеѓу преработките на „Томас Семјуел Кун“

 
Кун својот академски живот го започнал како физичар. Потоа се определува за историја на науката, за да покасно го заинтересира и филозофијата на науката. Напишал три книги , Коперникова револуција (англ. The Copernican Revolution), втората е Структура на научната револуција а во третата се истакнати неговите најважни истражувања (англ. The Essential Tension). Во првата книга објавена во 1957 година, Томас Кун го проучува развојот на Хелицентричниот систем. Историчар на науката, по него има две неамбициозни задачи - да открие кој и кога открил некоја теорија или закон и да објасни како дошло до потешкотии или евентуални грешки. Напишаната историја на науката на тој начин претставува лошо напишан туристики водич, вели Кун, затоа што претпоставува дека однапред се знае што е реално, а што не. Историчарот избира некоја од понудените алтернативи, што доведуваат до интелектуални стагнации. Тоа е предуслов за радикален почеток. Оваа тема е обработена во неговото најпознато дело, во кое ја истакнува идеата дека научниот развој е основан на парадигма.
 
== Библиографија ==
* Кун, Т. С. Коперникова револуција. Кембриџ: Лист Универзитет Харвард. 1957. <nowiki>ISBN 978-0-674-17100-8</nowiki>.
* Кун, T. С. Значењето на мерењето во современата физичка наука. Исис, 52 (1961): 161-193.
* Кун, T. С. Структура на научната револуција. Чикаго: Лист Универзитет Чикага. 1962. <nowiki>ISBN 978-0-226-45808-3</nowiki>.
* Кун, T. С. "Значењето на догмата во научното истражување". Њујорк и Лондон: Basic Books and Heineman, 1963.
313

уредувања