Брзина на светлината: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 68:
Кога електромагнетните бранови треба да поминат големо растојание или при правење прецизни мерења, нивната конечна брзина значајно отстапува од {{math|''c''}}. За пристигање на пораки испратени од Земјата до далечни [[вселенска сонда|вселенски сонди]], а и обратно, потребни се од неколку минути до неколку часа. Онаа светлина која ја емитуваат ѕвездите нив ги напуштила пред мноштво години, што значи дека ние ја гледаме и проучуваме историјата на вселената и вселенските објекти. Ограничената брзина на светлината ја ограничува и онаа која е теоретски максимум на [[сметач]]ите, поради преносот на информациите од чип на чип. Затоа, пак, брзината на светлината овозможува мерење огромни растојанија со голема прецизност.
 
Првиот научник кој покажал дека светлината патува со определена, конечна брзина е [[Оле Ремер]]. Тоа го објавил во 1676 година по набљудувањето на движењето на [[ЈоИја (месечина)|ЈоИја]] (една од месечините на [[Јупитер]]). Во 1865 година [[Џејмс Кларк Максвел]] претпоставил дека светлината е [[електромагнетно зрачење|електромагнетен бран]] и затоа патува со брзината {{math|''c''}} спомената во неговата теорија на електромагнетизмот.<ref>{{cite web|title=„Како е измерена брзината на светлината?“|url=http://math.ucr.edu/home/baez/physics/Relativity/SpeedOfLight/measure_c.html}}</ref> Во 1905 година [[Алберт Ајнштајн]] претпоставил дека брзината на светлината не зависи од движењето на светлинскиот извор во ниеден инерцијален појдовен систем,<ref name="stachel">{{cite book |title=„Ајнштајн од „B“ до „Z““ – Том 9 од Ајнштајовите студии|first1=Џ.Џ. |last1=Стачел |publisher=„Springer“ |year=2002 |isbn=0-8176-4143-2 |page=226 |url=http://books.google.com/books?id=OAsQ_hFjhrAC&pg=PA226}}</ref> а последиците од ваквата поставка ги истражил изведувајќи ја [[специјална теорија за релативноста|специјалната теорија на релативноста]] и покажувајќи дека параметарот {{math|''c''}} не е важен само за светлината и електромагнетизмот.
 
По векови сé попрецизни мерења, во 1975 година брзината на светлината се сметала за 299 792 458 m/s, со грешки на 4 дела од милијарда. Во 1983 година [[Меѓународен систем на мерни единици|SI]] го предефинирал [[метар]]от како растојание кое светлината го поминува во вакуум за <sup>1</sup>/<sub>299 792 458</sub> од [[секунда]]. Дефиницијата за метарот ја утврдила бројната вредност на брзината на светлината во вакуум {{math|''c''}} во метри во секунда.<ref name=BIPM_SI_units>{{SIbrochure|page=112}}</ref>
Ред 848:
 
===Астрономски мерења===
[[File:Io eclipse speed of light measurement.svg|thumb|300px|Мерење на брзината на светлината преку помрачувањето на ЈоИја од страна на Јупитер]]
Со своето големо пространство и речиси совршен [[вакуум]] вселената е погодна средина за мерење на брзината на светлината. Се мери времето потребно за светлината да премине одредено референтно растојание во [[Сончев систем|Сончевиот систем]] (како [[полупречник]]от на Земјината орбита). Историски, ваквите мерења биле вршени доста точно во споредба со точноста со која се познавале растојанијата. Обично резултатите се изразуваат во [[астрономска единица|астрономски единици]] на ден.
 
Ред 887:
|volume= 2| pages=397–98
}})<br>
Образложението објавено во „''Journal des sçavans''“ се засновало врз извештај кој Ремер го прочитал на Француската академија на науките во ноември 1676 година. [[#cohen-1940|(Cohen, 1940, p.&nbsp;346)]].</ref> Измерени од Земјата, периодите на орбитирање на сателитите на далечни планети се пократки кога Земјата се доближува кон нив во споредба со оние измерени кога таа се оддалечува. Растојанието кое светлината го минува од планетата (или нејзината месечина) е пократко кога Земјата е во точка на орбитата најблиска до планетата отколку кога Земјата е во најоддалечената точка. Разликата меѓу овие растојанија е [[пречник]]от на Земјината орбита околу Сонцето. Забележаната промена во периодот на сателитот е резултат на разликата меѓу времето потребно за светлината да го премости подолгото и покусото растојание. Овој ефект Ремер го забележал кај [[ЈоИја (месечина)|ЈоИја]], „највнатрешната“ месечина на Јупитер, па благодарение на него пресметал дека за поминување растојание еднакво на дијаметарот на Земјината орбита околу сонцето на светлината ѝ се потребни 22 минути.
 
[[File:SoL Aberration mk.svg|thumb|right|Аберација на светлината: како резултат на конечноста на брзината на светлината зрак кој потекнува од далечен извор за подвижен телескоп се чини дека се емитира од друга местоположба.|alt=Ѕвезда емитира светлински зрак кој е регистриран од објективот на телескоп. Како што патува светлината до окуларот, телескопот се движи надесно. За светлината да остане во него, тој мора да се навали надесно. Затоа изгледа како далечниот извор да се наоѓа во друга, десна положба.]]
Ред 1.293:
}}</ref> Академијата на експериментите во Фиренца пријавила дека го извела овој експеримент (во 1667 година) со растојание од една милја меѓу ламбите и притоа не било забележано никакво задоцнување. Задоцнувањето би требало да биде приближно 11 микросекунди.
 
[[File:Illustration from 1676 article on Ole Rømer's measurement of the speed of light.jpg|thumb|left|upright=0.8|Ремеровите набљудувања на окултациите на [[ЈоИја (месечина)|ИоИја]] од Земјата|alt=Дијаграм на планетска орбита околу Сонцето и месечева орбита околу друга планета. Сенката на втората планета е засенета.]]
Првата приближна пресметка на брзината на светлината била извршена во 1676 година од Ремер.<ref name="cohen"/><ref name="roemer"/> Набљудувајќи ги периодите на [[ЈоИја (месечина)|ЈоИја]], Јупитерова месечината најблиска до него, забележал дека тие биле пократки кога Земјата се доближувала до Јупитер отколку кога се оддалечувала. Заклучил дека светлината патувала со конечна брзина, проценувајќи дека ѝ се потребни 22 минути да го помине [[пречник]]от на Земјината орбита околу Сонцето. [[Кристијан Хајгенс]] ја комбинирал оваа проценка со таа за дијаметарот на орбитата на Земјата и добил вредност за брзината на светлината 26% помала од вистинската - 220 000 km/s.<ref name="Huygens 1690 8–9">{{Cite book
|last=Хајгенс |first=К.
|year=1690