Ренесанса: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
рв
Ред 13:
|[[Податотека:Da Vinci Vitruve Luc Viatour.jpg|мини|[[Витрувијански човек|Виртувијанскиот човек]] на [[Леонардо да Винчи]] јасно го покажува ефектот кој го имале античките писатели врз ренесансните мислители.]]
|}
Ренесансата била културно движење кое длабоко влијаело на европскиот интелектуален живот во [[ран нов век|раниот нов век]]. Започнувајќи во Италија, а до XVI век распространувајќи се и низ цела Европа, таа влијаела на [[книжевност]]а, [[философија]]та, [[уметност]]а, [[политика]]та, [[наука]]та, [[религија]]та и на други аспекти од интелектуалноста. Ренесансните школари употребувале [[Хуманизам|хуманистички]] метод во учењето и барале реалистичност и емотивност во уметноста.<ref name="perry-humanities">Perry, M. [http://college.hmco.com/humanities/perry/humanities/1e/students/summaries/ch13.html Humanities in the Western Tradition], Ch. 13</ref>
 
Ренесансните мислители во европските монашки библиотеки и кај разурнатата Византиска империја барале литературни, историски и говорнички антички текстови, обично напишани на [[латински]] или [[старогрчки]], многу од кои се изгубени. Всушност, овој нов фокус на ренесансните школари е тоа што ги разликува од средновековните школари на [[Ренесанса на XII век|ренесансата на XII век]] кои се фокусирале на изучување грчки и арапски дела за природните науки, философијата и математиката, наместо да изучуваат текстови од културно значење. Ренесансните хуманисти не го одбивале христијанството; сосем спротивно, многу од најдобрите ренесансни дела се посветени на христијанството, а црквата има заштитено многу од ренесансната уметност. Сепак, дошло до суптилен пресврт поради начинот на кој интелектуалците и приоѓале на религијата, што се рефлектирало во многу културни полиња.<ref name="openuni">Open University, ''[http://www.open.ac.uk/Arts/renaissance2/religion.htm Looking at the Renaissance: Religious Context in the Renaissance]'' (Retrieved on 10 мај, 2007)</ref> Поради тоа, многу грчко-христијански дела, вклучувајќи го грчкиот Нов завет, биле донесени назад од Византија во Западна Европа, што ги ангажирало западните школари за првпат од доцната антика. Оваа нова ангажираност со грчко-христијанските дела, a особено враќањето на оригиналниот грчки од Новиот завет поткрепено од хуманистите [[Лоренцо Вала]] и [[Еразмо Ротердамски]], ќе помогне за проширување на патот за [[Протестантска реформација|протестантската реформација]].
 
Некои уметници како [[Мазачо]] тежнееле да ја прикажуваат човечката форма пореалистично, развивајќи техники со кои поприродно ја прикажувале [[Перспектива|перспективата]] и светлото. [[Политичка философија|Политичките философи]], како добро познатиот [[Николо Макијавели]], се стремеле да го прикажат политичкиот живот каков што навистина бил, за да се разбере рационално. Критички придонес за италијанската ренесанса дал хуманистот [[Пико дела Мирандола]], со пишување на неговиот познат текст ''De hominis dignitate'' ([[Говор за достоинството на човекот]], 1486), кој е составен од низа тези за философијата, природната мисла, вербата и магијата одбранени од секој противник. Покрај учењето на класичниот латински и грчки јазик, ренесансните писатели во голема мера почнале да ги користат своите [[Мајчин јазик|народни јазици]]; комбинирано со воведувањето на печатарството, на многу луѓе им се овозможува достап до книги, особено Библијата.<ref>Open University, [http://www.open.ac.uk/Arts/renaissance2/economic.htm#urban Looking at the Renaissance: Urban economy and government] (Retrieved 15 мај, 2007)</ref>