Франческо Петрарка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 38:
 
==Биографија==
Франческо е ебенроден во [[Тоскана|тосканскиот]] град [[Арецо]] во [[1304]] година. Тој бил син на Сер Петрако и неговата сопруга Елета Канџани од Лука. Поради припадноста кон политичката струја на Белите гвелфи, татко му на Петрарка, исто како и [[Данте Алигиери]], бил прогонет од Фиренца. Подоцна, Петрарка го зел татковото име како свое презиме, приспособувајќи го според законите на еуфонијата и според класичните принципи.<ref>Srđan Musić, „Frančesko Petrarka“, во: Frančesko Petrarka, ''Soneti i kancone''. Beograd: Rad, 1964, стр. 122.</ref> <ref>Морис Бишоп, „Петрарка“, во: ''Италијанската ренесанса''. New York: American Heritage Publishing, 1961, стр. 161-175; ISBN 0-618-12738-0</ref>
 
Петрарка детството го поминал во селото Инчиза, во близина на [[Фиренца]]. Петрарка го следел својот татко во преселбата во Пиза, а потоа и во [[Авињон]], кадешто папата [[Папа Климент V|Климент V]] во [[1309]] година го започнал своето папство.<ref>Srđan Musić, „Frančesko Petrarka“, во: Frančesko Petrarka, ''Soneti i kancone''. Beograd: Rad, 1964, стр. 122.</ref> Првиот учител му бил Конвеневоле да Прато, а потоа студирал [[право]] на [[Универзитет]]от во [[Монпелје]] ([[1316]]-[[1320]]) и [[Болоња]] (1320-[[1323]])<ref>Srđan Musić, „Frančesko Petrarka“, во: Frančesko Petrarka, ''Soneti i kancone''. Beograd: Rad, 1964, стр. 122.</ref> со својот доживотен пријател и соученик Гвидо Сете. Но, Петрарка бил заинтересиран за пишување и за [[Латинска книжевност|латинската книжевност]] и ги сметал овие седум години залудно потрошени. Освен тоа, тој изјавил дека преку законска манипулација неговите старатели го ограбиле неговото мало наследство во [[Фиренца]], која само ја зајакнала неговата одбојност кон правниот систем. Тој рекол: „Јас не можам да се помирам со комерцијализација на мојот ум“, гледајќи го правниот систем како уметност на продажба на правдата.<ref>Морис Бишоп, „Петрарка“, во: ''Италијанската ренесанса''. New York: American Heritage Publishing, 1961, стр. 161-175; ISBN 0-618-12738-0</ref>