Ренесанса: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 46.217.114.94 (разговор), вратено на последната верзија на Ehrlich91 |
|||
Ред 15:
Ренесансата била културно движење кое длабоко влијаело на европскиот интелектуален живот во [[ран нов век|раниот нов век]]. Започнувајќи во Италија, а до XVI век распространувајќи се и низ цела Европа, таа влијаела на [[книжевност]]а, [[философија]]та, [[уметност]]а, [[политика]]та, [[наука]]та, [[религија]]та и на други аспекти од интелектуалноста. Ренесансните школари употребувале [[Хуманизам|хуманистички]] метод во учењето и барале реалистичност и емотивност во уметноста.<ref name="perry-humanities">Perry, M. [http://college.hmco.com/humanities/perry/humanities/1e/students/summaries/ch13.html Humanities in the Western Tradition], Ch. 13</ref>
Ренесансните мислители во европските монашки библиотеки и кај разурнатата Византиска империја барале литературни, историски и говорнички антички текстови, обично напишани на [[латински]] или [[старогрчки]], многу од кои се изгубени. Всушност, овој нов фокус на ренесансните школари е тоа што ги разликува од средновековните школари на [[Ренесанса на XII век|ренесансата на XII век]] кои се фокусирале на изучување
Некои уметници како [[Мазачо]] тежнееле да ја прикажуваат човечката форма пореалистично, развивајќи техники со кои поприродно ја прикажувале [[Перспектива|перспективата]] и светлото. [[Политичка философија|Политичките философи]], како добро познатиот [[Николо Макијавели]], се стремеле да го прикажат политичкиот живот каков што навистина бил, за да се разбере рационално. Критички придонес за италијанската ренесанса дал хуманистот [[Пико дела Мирандола]], со пишување на неговиот познат текст ''De hominis dignitate'' ([[Говор за достоинството на човекот]], 1486), кој е составен од низа тези за философијата, природната мисла, вербата и магијата одбранени од секој противник. Покрај учењето на класичниот латински и грчки јазик, ренесансните писатели во голема мера почнале да ги користат своите [[Мајчин јазик|народни јазици]]; комбинирано со воведувањето на печатарството, на многу луѓе им се овозможува достап до книги, особено Библијата.<ref>Open University, [http://www.open.ac.uk/Arts/renaissance2/economic.htm#urban Looking at the Renaissance: Urban economy and government] (Retrieved 15 мај, 2007)</ref>
|