'''ЦелебскотоЦелебско Море''' или '''Сулавеси''' е— дел од [[Тихи Океан|Тихиот Океан]]. Се наоѓа меѓу архипелагот [[Сулу]] и островите [[Минданао]] на север, источно од морето се наоѓаат островите [[Сангихе]], островите [[Сулавеси]] се наоѓаат на југ и островите Борнео на запад. На југозапад, морето е поврзано со [[Јаванско Море|Јаванското Море]] преку [[Макасарски Проток|Макасарскиот Проток]]. Целебското Море достигнува максимална длабочина од 6,200 м, долго е 837 км во правец исток-запад и 675 км во правец север-југ, со вкупна површина од 280.000 км². Целебското Море има голема разновидност на риби и морски [[животни]]. Морето има топла и бистра [[вода]], овозможувајќи живот за околу 580 од 793 видови на [[корали]], [[делфин]]и, [[кит]]ови, [[морски желки]], [[баракуда]] и други видови. Ова море е исто така богато со [[туна]] и [[жолта туна]]. Целебското Море е значаен транспортен пат за тргување во регионот. Морето е многу популароно место за длабоко [[нуркање]] и лукзусни [[крстарење|крстарења]]. Морето е познато во светот по [[пиратство]]то која ги погодува малите рибарски бродови како и големите [[бродови]] кои што носат контејнери ([[танкери]]).