Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Селска чешма“

==Преиспитување администраторски статус==
Почитувани колеги, на [[Википедија:Список на администратори|списокот на администратори]] има уредници кои направиле помалку од 50 уредувања во последните 8 до 10 години. Знам дека Кирил и Тони рекоа на една од поодамнешните вики средби дека ќе се актуелизира ова прашање, но досега мислам дека немало целосна ревизија. Имено, највоочливи ми се админите guitardemon666, Виктор Јованоски, iNkubusse, кои се незабележливи на Википедија од кога јас уредувам (негде од септември 2012). Не знам зошто на некому му се потребни администраторски овластувања кога ниту уредуваат на Википедија, ниту ги користат можностите за блокирање вандали, бришење заштитени слики, решавање спорови, итн. Затоа мислам дека треба да се отвори ова прашање и евентуално да се гласа дали треба да останат админи или да се сменат критериумите. Ова мене ми личи како да си поставен за директор на некоја фирма, а во 10 години ниту еднаш да не отидеш на работа.--[[User:Retrohead|Retrohead]] <small>([[User talk:Retrohead|разговор]])</small> 12:22, 24 јануари 2017 (CET)
:Во право си Игор и се согласувам со она што го пишуваш. Пред неколку години воведовме [[Википедија:Барања за отстранување на администраторски права|процес за одземање на администраторските права]], а неактивноста секако е полноважен критериум за одземање на статусот. Сепак, на неколку викисредби досега имаме дојдено до заклучокот дека е добро најпрво да се обидеме да стапиме во контакт со неактивните администратори, па дури потоа да се премине на поднесување барања за одземање на администраторските права на овие корисници.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 19:02, 24 јануари 2017 (CET)