Т. С. Елиот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Награди: ситна поправка, дополнување
Ред 135:
<br />
[[К.С.Луис]] (''C. S. Lewis'') смета дека книжевната критика на Елиот е „површна и ненаучна“. Во писмото од 1935 година до нивниот заеднички пријател, [[Пол Елмер Мор]] (''Paul Elmer More''), Луис напишал дека ја смета работата на Елиот за „огромно зло“.<ref name="spruyt" /> Во писмо до Елиот од 1943 година, Луис изразил и восхит, заедно со антагонизмот кон неговите гледишта: „Се надевам дека фактот што се наоѓам себеси како често ти противречам на писмено не те навредува; тоа е некој вид на почест за тебе, кога и да дојдам во судир со некое широкораспросрането современо гледиште за книжевноста, ми се чини дека секогаш дознавам дека ти си го изнел тоа гледиште најјасно што може. При напад човек прво нишани на офицерите“.<ref name="spruyt" />
<br />
Во [[Стих|стиховите]] на Елиот е присутно техничко совршенство, мислова концентрираност, тенка емотивна напрегнатост и болна продлабоченост на меланхолични расположенија. Суштината на успехот на неговата [[поезија]] лежи во тоа што тој го наоѓа поетскиот клуч и за обичното, баналното и за возвишеното, како и за наеизменичноста и меѓусебната испреплетеност на спротивните емотивни состојби. Песните на Елиот имаат калеидоскопска структура во која трепери модерната егзистенција, лишена од духовно исполнување. Со [[филм]]ска прецизност тој ги реди сликите на главните карактеристики на европската цивилизација.<ref>Mirko Magarašević, „T. S. Eliot – Veličina pesničke univerzalnosti“, во: T. S. Eliot, ''Izabrane pesme''. Beograd: Rad, 1977, стр. 118-120.</ref> Основниот теориски став на поезијата на Елиот се чувствувањето на [[историја]]та и поетската безличност како решавачко својство на поетскиот медиум со кое се постигнува поетската универзалност. Притоа, заедно со Езра Паунд, Елиот ја изведол најзначајната поетска револуција од првата половина на [[20 век]], така што направил целосно преиспитување на дотогашната поетска традиција.<ref>Mirko Magarašević, „T. S. Eliot – Veličina pesničke univerzalnosti“, во: T. S. Eliot, ''Izabrane pesme''. Beograd: Rad, 1977, стр. 120.</ref>
 
=== Обвинувања за антисемитизам ===