Отвори го главното мени

Промени

Додадени 1.366 бајти, пред 2 години
→‎Наводи: дополнување
 
Најраните фосилни инсекти се пронајдени во [[девон]]ските карпи. Тие се неверојатно слични со инсектите кои денес ги нарекуваме [[праменоопашести]]. Овие ,,најпримитивни‘‘ инсекти се членови на поткласата Apterygota ([[бескрилци]]). Тие се без крилја и имаат [[Метаморфоза (зоологија)|аметаболен развиток]]. Во минатото, [[Ентомологија|ентомолозите]] ги групирале сите примитивни бескрилни инсекти во еден ред (''Thysanura''). Но, од неодамна, оваа класа е поделена на три реда: ''[[Archaeognatha]]'', ''Thysanura'' и ''[[Monura]]''. Од сите овие, ''Archaeognatha'' и ''Thysanura'' преживеале до денес. Овие аптериготни редови делат неколку ,,примитивни‘‘ особини со многуногите и неинсектските хексаподи. Прво, тие продолжуваат да се [[Преслекување (зоологија)|преслекуваат]] дури и како адулти. Некои ''Thysanura'', на пример, можат да живеат и до неколку години и да се преслечат 40-50 пати. Второ, аптериготните инсекти имаат кратки и сегментирани телесни додатоци долж страните на абдоменот. По се изгледа дека овие структури се хомологни со екстремитетите за одење на многуногите. Трето, мажјаците произведуваат [[сперматофор]]и кои се положуваат на земјата и подоцна се собираат од женката (надворешно оплодување). Некои видови развиле елаборирани ритуали на парење кои ја осигуруваат брзата и ефикасна размена на сперматофори.
 
==Инсектите како тема во уметноста и во популарната култура==
* „за карактерот на инсектите“ - кус расказ на македонскиот писател [[Хигсов Бозон (писател)|Хигсов Бозон]] од 2011 година.<ref>Хигсов Бозон, ''Педерски Катахрезис'', Темплум, Скопје, 2011.</ref>
* „Комарци“ - кус расказ на македонскиот писател [[Климент Булоски]] (под псевдонимот [[Дозгулпмус]]) од [[2008]] година.<ref>Дозгулпмус, ''Тритонус'', Темплум, Скопје, 2008.</ref>
* „Пеперутка“ (''Butterfly'') - песна на германската [[Рок музика|рок]]-група „Кен“ (''Can'') од [[1968]] година.<ref>[http://www.metrolyrics.com/butterfly-lyrics-can.html Metrolyrics, Butterfly Lyrics (пристапено на 12.11.2016)]</ref>
* „Пеперутки“ (''Butterflies'') - песна на британската [[Рок музика|рок]]-група „Калт“ (''Cult'') од [[1984]] година.<ref>[http://www.azlyrics.com/lyrics/cult/butterflies.html Azlyrics, The Cult Lyrics (пристапено на 12.11.2016)]</ref>
 
== Наводи ==