Густав Емар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Густав Емар''' ([[француски]]: ''Gustave Aimard'', роден на {{роден на|13|септември|1818}} во {{роден во|Париз}} - починал на {{починал на|20|јуни|1883}} во {{починал во|Париз}}) — француски писател, литературен псевдоним на познатиот француски писател на историски и авантуристички романи Оливие Глу.
 
== Биографија==
Густав Емар е роден на [[13 септември]] [[1813]] година во [[Париз]]. Неговиот животот бил доста бурен и исполнет со незгоди, патувања и авантури. На 12-годишна возраст започнал да работи на трговски брод и за долги години ја напуштил татковината. Кога пристигнал во [[Мексико]], Емар го напуштил бродот во мексиканското пристаниште Веракрус и со рибарски брод презел патување по должината на брегот на Мексиканскиот Залив. Во [[1836]] година учествувал во едрење до [[Африка]] и [[Бразил]]. Во [[1846]] година за време на војната меѓу [[Мексико]] и [[САД]] (по завршувањето, САД го анектирал [[Тексас]]) Емар командувал со мексикански борбен [[бригантин]] и неговиот брод бил заробен од американските сили кај на реката Мисисипи. Бегајќи од заробеништво, тој се насочил на запад, каде бил заробен од Индијанци.
 
Во [[1848]] година се вратил во [[Франција]] и зел учество во револуционерните настани, дури станал офицер, но по превратот на [[Наполеон III]] повторно заминал за [[Јужна Америка]]. Таму направил низа опасни експедиции до тешко достапни области, а во [[1851]] година во [[Патагонија]] повторно бил заробен од Индијанци и живеел меѓу нив четиринаесет месеци.
 
Враќајќи се повторно во татковината се оддал на литературна дејност. Под перото му излегле десетици авантуристички романи во кои тој ги опишува своите набљудувања и знаења стекнати во текот на својот живот му Северна и Јужна Америка и Африка. Објавил повеќе од 50 романи, од кои дел добибиле огромна популарност и се преведени на повеќе јазици. Во креативен однос, неговите романи се под влијание од творештвото на [[Џемс Фенимор Купер]].
 
Емар учествувал во мексиканската експедиција на француската армија за време на француско-англиско-шпанската интервенција во средината на 60-тите години на 19 век. Густав Емар организирал и волонтерски одред од „слободни стрелци“, составен од француски писатели за време на Француско-пруската војна (1870 - 1871 година). По војната продолжил да пишува.
 
Починал на [[20 јуни]] [[1883]] година во париската болница „Света Ана“.