Пјер Бул: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Пјер Бул''' ([[француски]]: ''Pierre-François-Marie-Louis Boulle'', роден на {{роден на|20|февруари|1912}} во {{роден во|Авињон}} - починал на {{починал на|20|јануари|1994}} во {{починал во|Париз}}) — француски писател на научна фантастика.
 
== Биографија==
 
Пјер Франсоа Мари Луис Бул е роден на [[21 февруари]] [[1912]] во [[Авињон]]. Учел за електроинженер во [[Париз]]. Во [[1938]] се преселил во [[Малезија]], во близина на [[Куала Лумпур]], каде започнал работа како надзорник во гумена плантажа. По избувнувањето на [[Втората Светска Војна]] се приклучил на армијата во [[Индокина]]. За време на окупацијата на неговата татковина од германските трупи, Бул станал член на францускиот Отпор во [[Сингапур]] и служел како таен агент под името Питер Џон Рул. Во [[1942]] година бил заробен од страна на [[Јапонци]]те кај реката Меконг и поминал две години работејќи во затвореничкиот логор крај Сајгон. Од таму тој успеал да побегне и да се приклучи на Британските специјални сили. По завршувањето на војната патувал повторно до [[Малезија]] и [[Камерун]].
 
Пјер Бул се вратил во [[Франција]], носејќи со себе впечатоци од егзотичните предели кои ги посетил, но и од искуството на бесмислената војната. Во [[1950]] година излегол неговиот прв роман, „''Вилијам Конрад''“, базиран на записите во неговиот дневник за време кога бил во затвор. Големиот успех на Бул дошол по издавањето на романот со „''Мостот на реката Квај''“ кој бил објавен во 1952 година. Во романот е опфатена приказна за храброста, истрајноста и судирот на две завојувани империи, навидум сосема различни, но сепак прилично сродни. Филмската адаптација на ова дело (1957) е режирана од [[Дејвид Лин]] и филмот освоил седум оскари. Филмот бил заштитен поради своите културолошки, историски и естетски вредности.
 
Првите чекори во научнофантастичниот жанр се родиле преку објавените романи „''Апсурдни приказни''“ (1953) и „''E = MC2''“(1957), „''Човекот кој ги мразеше машините''“ (1957), „''Градината на Канашима''“ (1964), „''Добротворни приказни''“ (1965), „''Quia Absurdum''“ (1970), „''Игри на разумот''“ и.т.н.
 
Бул не се откажал и од реализмот. Во овој стил биле напишани и објавени романите „''Лицето''“ (1953), „''Тестот на белите луѓе''“ (1955), „''Другата страна на проблемот''“ (1958), „''За благородната кауза''“ (1960) „''Професијата на Господ Бог''“ (1960), „''Фотографот''“ (1967), „''Ушите на џунглата''“ (1972).
 
Во [[1963]] година излегла книгата на Бул „''Планета на мајмуните''“, која го направил многу популарен. Според неа е направен филм во [[1968]] година, а подоцна е пуштена и серија. Познатиот роман „''Планета на мајмуните''“,и до денес останува едно од најголемите ремек дела на научната фантастика и на светската литература.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пјер_Бул