Шиничиро Томонага: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 39:
Во Јапонија, бил назначен за проферсор во [[Токискиот образовен универзитет]] (претходник на [[Цукубскиот универзитет]]). За време на војната го изучувал [[Магнетрон|магнетронот]], [[мезон]]ска теорија, а исто така и неговата „супер-многу-временска“ теорија. Во 1948, тој и неговите студенти преиспитале документ на [[Сидни Данкоф]] од 1939 кој се обидел, но не успел, да покаже дека бескрајните вредности кои се зголемуваат во [[квантната електродинамика]] можат да се поништат една со друга. Томонга ја применил неговата „супер-многу-временска“ теорија и релативистички метод основан на нерелативистичкиот метод на [[Волфганг Паули]] и [[Маркус Фирц]] за особено да ги забрза и разјасни пресметките. Потоа тој и неговите студенти забележале дека Данкоф занемарил еден термин во [[Пертурбациска теорија (квантна механика)|пертурбациските серии]]. Со овој термин теоријата дала финални резултати, така Томонга го открил [[ренормализациски]]от метод независно од [[Џулијан Швингер]] и пресметаните физички вредности како што е [[Лемова смена|лемовата смена]] во исто време.
 
Во следната година, тој бил поканет од [[Роберт Опенхајмер]] за да работи во [[Институт за напредни студии|Институтот за напредни студии]] во [[Принстон (Њу Џерси)|Принстон]], [[Њу Џерси]]. Го проучувал многутелниот проблем на колективните [[Осцилација|осцилации]] на квантномеханичкиот систем. Следната година, се вратил во Јапонија и ја предложил [[Томонга-Лутингерова течност|Томонга-Лутингеровата течност]]. Во 1965, бил награден со [[Нобелова награда за физика]], заедно со [[Џулијан Швингер]] и [[Ричард ФејнманФајнман]] „за основоположничката работа на полето на квантната електродинамика, со далекусежни последици во физиката на елементарните честички, а особено за пронаоѓањето на [[ренормализациски]]от метод“. Починал од рак на грлото во [[Токио]] во 1979.
 
Томонга се оженил во 1940 со Риоко Секигуши. Заедно имале два сина и една ќерка. Тој бил награден со Поредок на култура во 1952 и со медалот "Grand Cordon" на поредокот на изгрејсонцето во 1976.