Франсоа Вијон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
 
Франсоа Вијон се нашол во дворот на Шарл Орлеански во [[Блоа]]. За конкурсот за балади на тема „Од жед умирам над изворот“, нарачана од војводата [[Шарл Орлеански]] на поетите од неговото опкружување, Вијон напишал стихови, познати под називот „Балада на конкурсот во Блоа“. Според условите на конкурсот, поетите требало да напишат забавна песна, но песната на Вијон се покажала полна со филозофски трагедија.
 
Во летото [[1460]] година, Франсоа Вијон паднал во орлеанскиот затвор чекајќи ја својата егзекуција, која ја избегнал поради случајност. Орлеан бил посетен од семејството на војводата, и во чест на доаѓањето на тригодишната принцеза Марија, ќерка на Шарл Орлеански, во своето наследно владение, затворениците, според обичајот, биле ослободувани од затвор. Во октомври [[1461]] Вијон бил во затвор во градот Мене сур Луар, но новиот крал [[Луј XI]], минувајќи низ градот по повод за неговото крунисување, им дал амнестија на поетот и на неколку други затвореници. На крајот на истата година Вијон се вратил во [[Париз]] и со претчувство дека му се ближи смртта, ги создал своите најдобри дела: „Epitaphe“ (Епитафија), „Codicille“, и „Testament“ (Тестаментот), последователно наречено "''Le grand testament''"(Големиот завет).
 
Покрај овие дела на Вијон му припаѓаат ред одделни балади, вклучувајќи ја „Le Romant de Pêt-au-Deable“. Во ноември [[1462]] година Вијон бил уапсен под сомнение за кражба што било повеќе од неосновано. По неколку дена бил пуштен на слобода. Во истиот месец во улична тепачка, иницирана од пријатели на Вијон, тешко бил повреден папскиот нотар. Иако самиот Вијон само присуствувал на тепачката, без зема учество, тој повторно бил фрлен во затвор, осуден на бесење (тогаш тој ја напишал познатата „Балада за обесените“).
 
Смртната пресуда била укината и заменета со прогонство од Париз и областа. Оттогаш му се изгубиле трагите, а со тоа започнале и легендите за него.