Песна за Роланд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 21:
| oclc=
}}
'''Песна за Роланд ''' ([[француски]]: ''La Chanson de Roland'') — старофранцуски еп напишан во [[11 век]], можеби од Тиролд, чие име се споменува во текстот. Постојат девет ракописи на делото, како англо-нормански кој се чува во Бодлијанската библиотека во Оксфордскиот универзитет и се состои од 4004 стихови, и истиот се смета за најстар (1140-1170). Песна за Роланд е првото значајно дело во француската литература, како и првиот и најзначаен претставник на жанрот [[Шансон де жест]] кој постоел помеѓу 11 и 15 век.
 
== Приказна==
 
[[Карло Велики]] и неговата војска се борат во текот на седум години во [[Шпанија]] и го опседнуваат градот [[Кордоба]] кога сараценскиот калиф на Сарагоса Марсил ги повикува своите благородници со желба да ја спаси Сарагоса од офанзивата на [[Франки]]те. По совет на Бланкадрин, Марсил решил да се престори дека се повлекува, за да обезбеди повлекување и на Франките од своите земји. Бланкадрин ветува на [[Карло Велики]], дека ако се врати во својата престолнина Екс-ла-Шапел (Ахен), Марсил наскоро ќе му испрати заложници и дарови и ќе му стане вазал и ќе го прифати христијанството. Благородниците на Карло Велики разговараат како да одговорат на предлогот на Марсил. Бретанскиот маркиз [[Роланд]], внук на Карло Велики, не верува на Марсил, но Ганелон, Наимон и повеќето од другите се склонети да му веруваат. Карло Велики се согласува со мнозинството, но се уште има тешкотии да најде амбасадор кој да отиде кај Марсил, бидејќи Марсил убил двајца претходни амбасадори. Тој го одбива предлогот на Роланд и на архиепископот на Ремс, Турпин наредува дека никој од Дванаесетте перови нема да биде избран. Роланд го нуди неговиот втор татко Ганелон да отиде како амбасадор, бидејќи тој го поддржал предлогот. Ганелон го толкува тоа како навреда, јавно се заканува Роланд и додека патува со Бланкадрин кон Сарагоса, кова заговор за одмазда. Во Сарагоса Ганелон го лаже на Марсил, кажувајќи дека согласноста на Карло Велики зависи од два услови: Марсил може да ја задржи половина Шпанија, а другата половина ќе биде дадена на Роланд и чичкото на Марсил треба да биде вклучен во групата на заложниците, кои ќе ја да гарантираат неговата склонетост. Откако се заканува дека ќе го убие Ганелон, Марсил дознава од Бланкадрин дека тој е подготвен да го предаде Роланд и Дванаесетте перови. Марсил му нуди на Ганелон пријателство и богати дарови, а Ганелон ветува дека Роланд и Дванаесетте перови на [[Франција]] ќе бидат поставени во ариергарда на армијата. Ова ќе им овозможи на Марсил, кои не може да влезе во отворена битка со Карло Велики, да ги убие Дванаесетте херои на Франција, без кои Франките нема да сакаат да влезат во војна.
== Битката во Ронсево ==