Проспер Мериме: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Доцна фаза: дополнување
Ред 104:
===Доцна фаза===
Во една од последните напишани новели, Мериме повторно ѝ се вратил на романтичарската склоност кон необичното и ужасното. Тоа е новелата „[[Локис]]“ (1869). Во неа се раскажува за [[Литванија|литвански]] [[гроф]], [[човек]]-[[мечка]], кој на денот на венчавање, воден од неодолив нагон, [[смрт]]но ја каснува својата жена.
 
==Осврт кон творештвото на Мериме==
Иако не оставил обемно книжевно дело, Мериме напишал неколку раскази и новели кои спаѓаат во најсовршените примероци од тој жанр и до ден-денес важат како примери за убаво пишување. Во таа смисла, без „Коломба“ и „Кармен“ нешто би недостасувало во француската книжевност. Неговиот стил е класичен и отстапува од јазикот на писателите кои произлегле од школото на Шатобријан, [[Балзак]] и [[Виктор Иго|Иго]]. Стилот на Мериме е толку упростен што делува сиромашно, но затоа пак е непосреден и јасен. Мериме не се служи со методот на Балзак, кој ги испитува далечните и тајни причини на некој настан и него не го интересираат социјалното потекло на јунаците, нивните предци итн., туку тој се интересира за непосредните постапки на јунаците во одредена прилика, т.е. непосредната причина на дејството. На пример, Таманаго се осветува затоа што во него се наталожила омразата, а Фортунато е предавник затоа што го мачи зависта. Анализата на тие страсти е суштината на новелите на Мериме, а во сликањето на тие емоции често нема нијанси, туку сите тие се силни и жестоки. Во таа смисла, во сите новели на Мериме има многу крв, силна и брутална енергија и силни страсти.
<br />
Мериме, во основа, е класичар и него не го задоволуваат ниту романтизмот ни реализмот, туку тој усвојува сè што му изгледа најдобро од двата правци. Тој се држи до стварноста, но го избегнува тесниот реализам. Од друга страна, сведувајќи го стилот на детаљна точност и давајќи му на фантастичното акцент на вистината, тој му помогнал на реализмот да се ослободи од романтизмот. Мериме е класичар според темпераментот и од него ги усвоил јасноста и концизноста во сликањето на страстите и карактерите; од романтизмот ги презел бојата, егзотиката и љубовта кон примитивната [[природа]]; а од реализмот непосредната визија, чувството за стварноста и добро избраните детаљи. Мериме делумно ја остварил уметничката цел дефинирана од [[Иполит Тен]]: да се концентрира, да се резимира животот. Неговите новели се толку впечатливи, потресни и драматични, што на читателот му оставаат толку силен впечаток како и најголемите романи. Мериме мајсторски создава атмосфера на веројатност и присутност, која ја постигнува не со помош на дијалогот или описите, туку преку изборот на обични, ситни, но важни околности. Оттука иако ниту за време на животот, а ни по смртта не бил премногу популарен, за Мериме не се карактеристични ниту големите осцилации во оценката на уметничкото дело (како кај некои други автори). Гласот на еден од најдобрите француски раскажувачи, стекнат за време на животот, Мериме го задржал до ден-денес.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 136-143.</ref>
 
==Галерија==