Луј Арагон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
| birth_date = {{birth date|1897|3|10|df=yes}}
| birth_place = Париз
| death_date = {{death date and age|1982|12|424|1897|3|10|df=yes}}
| death_place = Париз
| occupation =
Ред 27:
Луј Арагон бил роден на [[3 октомври]] [[1897]] година во [[Париз]], како Луј Андрије. Пораснал со својата мајка и баба, верувајќи дека тие му се сестра и мајка. Татко му на Луј бил женет и 30 години бил постар од мајка му, па така Луј пораснал со убедување дека тој човек му е кум, а не татко. Дури на деветнаесет годишна возраст ја дознал вистината, пред да тргне како војник да се бори во [[Првата светска војна]]. Ниту мајка му ниту татко му не верувале дека синот ќе се врати од војната жив. Тоа што татко му никогаш не го признал оставило длабока трага на поезијата на Арагон во годините што следувале.
 
Од [[1919]] до [[1924]] година, Арагон се приклучил на движењето [[дадаизам]], активно дружејќи се со париските дадаисти. Со [[Андре Бретон]] во [[1924]] година станал еден од основачите на надреалистичкото движење.<ref name="Travers2001">{{cite book|author=Martin Travers|title=European Literature from Romanticism to Postmodernism: A Reader in Aesthetic Practice|url=https://books.google.com/books?id=KlcnxCx1ZM4C&pg=PA176|year=2001|publisher=A&C Black|isbn=978-0-8264-4748-7|pages=176–}}</ref>, и оттогаш го употребувал своето литературно име Арагон. Ги објавил првите песни и романот „''Селанец од Париз''“. Во текот на 20-те години заедно со цела група надреалисти се приклучил на [[Комунистичка партија на Франција|Комунистичката партија на Франција]]. Од [[1933]] година започнал да пишува и за партискиот весник. Во текот на [[1930]] година го посетил [[Советскиот Сојуз]] и од [[1933]] година неговата посветеност на партијата го води до раскинување со надреалистите, кое кулминирало со Светскиот конгрес на писатели за одбрана на културата ([[1935]] година), каде што жестоко му се спротивставил на неговиот пријател [[Андре Бретон]]. И покрај таквиот настап, Арагон и самиот често го критикувал Советскиот Сојуз. Од [[1933]] до [[1944]] Арагон го напишал романот „''Реален свет''“ во четири тома, каде ја опишал историската перспектива на класната борба. Со соцреализам продолжил да се занимава и во следните дела, а потоа создал три романи што се своевидна биографија поврзана со комунистичкото движење. Покрај тоа пишувал и патриотски песни, кои ги објавувал во текот на [[Втората светска војна]], но и љубовна поезија посветена на својата жена Елза, сестра на Љиља Брик (љубовницата на Мајаковски), со која се оженил во [[1939]] година. Пред и во текот на [[Втората светска војна]] Елза соработувала со него во весниците на левицата, а во текот на окупацијата била во илегала.
 
За време на војната, Арагон станал член и на Движењето на отпорот, а пишувал и за еден илегален весник. Во последните поеми често се навраќал на сеќавањето од тоа движење. Станал еден од најважните комунистички интелектуалци, а од [[1950]] година станал и член на централниот комитет на партијата. Покрај новинарските активности, поврзани главно за неговото политичко дејствување, Арагон во текот на 50-те години станал водач на Обединетите француски издавачи, кои објавувале француски и советски автори. Во почетокот на 60-те започнал да објавува и други писатели, Мајаковски, Јевтушенко и Криста Волф.
 
По смртта на сопругата Елза во [[1970]], Луј Арагон ја напуштил и издавачката куќа и се вратил кон надреализмот. Во последната деценија од животот објавил уште два романи. Починал на [[24 декември]] [[1982]] година, а погребен е покрај својата сопруга во паркот на својот имот.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
{{commons category|Louis Aragon}}
* [http://www.maxizone.fr/index.php?option=com_content&task=view&id=19&Itemid=27 J'arrive où je suis étranger] poem with music, listenable on-line.
* [http://les-lettres-francaises.fr Les Lettres Françaises].
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Арагон, Луј}}
[[Категорија:Француски писатели]]
[[Категорија:Француски поети]]
[[Категорија:Дадаизам]]