Проспер Мериме: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Книжевно дело: дополнување
→‎Книжевно дело: дополнување
Ред 71:
==Книжевно дело==
===Театарот на Клара Газил===
Својот долг кон [[Романтизам|романтизмот]], Мериме го платил во своето прво позначајно книжевно остварување. Задоволувајќи ја својата склоност кон мистифицирање, во [[1825]] година ја објавил збирката пиеси „Театарот на Клара Газил“ (''Le théâtre de Clara Gazul''). Своето дело на публиката ѝ го претставил како француски превод на наводната шпанска глумица. Истовремено, овие едночинки, Мериме ги читал пред присутните во салонот на Етјен Делаклиз, каде што го претставил Стендал. Книгата „Театарот на Клара Газил“ се стекнала со популарност во тесен круг на читатели: [[Шатобријан]] се изразил пофално за неа; тогашниот млад професор на [[Сорбона]], [[Виктор Кузен]], му упатил претерани пофалби, така што Мериме се прашувал дали да ги сфати сериозно; а [[Гете]] изјавил: „Еве, еден мал непрокопсаник кој се крие под генијот на една жена; но, тој секако е прекрасен и добар гениј кој ќе отиде многу далеку“.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 137.</ref> Мешајќи го трагичното и комичното и занемарувајќи го класичарското правило за три единства (место, време и дејство), Мериме две години пред [[Виктор Иго]] ги илустрирал идеите кои најголемиот француски романтичар ги изнесол во предговорот на „Кромвел“.
 
Во првото издание се издвојува историската „комедија во три дена“ „Шпанци во Данска“. Второто издание (1830) Мериме го дополнил со две пиеси. Најинтересна е духовитата антиклерикална комедија „Кочијата на светото миросување“ (''Le Carosse du Saint-Sacrement''), чие дејство се одвива во главниот град на [[Перу]], [[Лима]]. Во третото издание од [[1828]] година, Мериме ја додал историската пиеса „Жакеријата“ (''La Jacquerie''). Единствено за пиесата „Жакеријата“ темата е земена од француската [[Среден век|средновековна]] историја (селанската буна во Франција од [[28 мај]] [[1358]] година). Во оваа романтична трагедија Мериме го прикажува ужасот на феудалното доба во кое за никого не е резервирана позитивна улога - ниту за благородниците, ниту за калуѓерите, ниту за селаните.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 137.</ref> Сите други пиеси се случуваат во [[Шпанија]] или во [[Латинска Америка]], што на збирката ѝ дава егзотична нијанса. Ова, покрај страстите, драматичните ситуации кои проистекуваат од нив и историските евокации, го придодава ова дело на романтичарскиот театарски фонд.
 
Иако пиесите од „Театарот на Клара Газил“ набргу биле заборавени (на репертоарот се задржала само драмата „Кочијата на светата причест“), овие драми претставуваат важен дел во развојот на романтичарскито театар и првото практично остварување на Стендаловите театарски теории: драма во проза, без антички предмети и без класичното единство, т.е. театар за читање, а не за гледање. Всушност, токму ова дело го запечатило пријателството меѓу Мериме и Стендал, кој во своите „Спомени на еготизмот“ го нарекол „свој најдобар сегашен пријател“.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 137.</ref>
 
===Гусли===
И понатаму творејќи во духот на романтичарското движење, во [[1827]] година Мериме ја објавува својата прочуена мистификација „Гусли, или избор на илирски песни собрани во [[Далмација]], [[Босна]], [[Хрватска]] и [[Херцеговина]]“ (''La Guzla ou choix de poesies illyriques, recueillies dans la Dalmatie, la Bosnie, la Croatie et l'Herzegovine''). Оваа егзотична [[книга]] се одликува со силна локална боја, така што таа не придонесла многу за натамошното зголемување на неговата репутација. Сепак, [[Пушкин]] бил воодушевен од неа и превел неколку песни на [[руски јазик]].<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 137.</ref>
 
===Хроника за владеењето на Карло IX===
Задоволувајќи го своето тежнеење кон транспонирање на историскиот материја во литературата, во [[1829]] година Проспер Мериме ја издаваобјавил „Хроника за владеењето на [[Карло IX]]“ (''Chronique du regne de Charles IX''), напишана под влијание на успехот на книгите на [[Валтер Скот]]. Тоа е дело за љубовта[[љубов]]та и [[убиство]]то во кое се раскажува за двајца браќа, [[калвинист]] и [[католик]]. Братот калвинист, во љубовен занес станува спремен да ја смени верата, но послепо крвавата [[Вартоломејска ноќ]], станува убиец на сопствениот брат. Оваа книга постигнала одреден успех и го направила Мериме уште попознат. Истовремено, таа претставува значајна пресвртна точка во неговата книжевна кариера, зашто тој нема повеќе да се враќа кон романтичната драма или кон историскиот роман.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.</ref>
 
===Новели===
Покрај мистификациите, драмите и историските романи, Мериме пишувал и новели. Почнал да ги објавува во 1829 година, во магазинот „Париска ревија“. Меѓу [[мај]] 1829 и [[јуни]] [[1830]] година, Мериме објавил 12 дела (раскази, [[Комедија|комедии]] и [[Лирика|лирски]] [[Балада|балади]]).<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.</ref> Во нив до полн израз дошла неговата смисла за едноставност, за брзо и сигурно водење на дејството до кулминација, за концизност и лапидарност во изразот. Затоа, пред сè во историјата анана [[Француска книжевност|француската книжевност]], Проспер Мериме зазема истакнато место како еден од најдобрите новелисти.
 
===Рана фаза===
*„Освојување на шанецот“ ([[s:fr: L’Enlèvement_de_la_redoute|''L’Enlèvement de la redoute'']]). Во 1829 година, објавена е приказната за една епизода од [[Француско-пруска војна|Француско-пруската војна]]. Таа сведочи за новелистичката виртуозност, неговата моќ низ случките, без коментар, особено без никакво ангажирање на чувствата, импресивно ја доловил сликата на хероизмот на воините и трагичните збивања. Веќе во оваа новела Мериме го напуштанапуштил романтичарското милје, останувајќи доследен на [[Класицизам|класицистичкиот]] однос кон формата и навестувајќи го реализмот.
 
*„Матео Фалконе“ ([[s:fr:Mateo_Falcone|''Mateo Falcone'']]). Исто така е, објавена во 1829 година, итаа спаѓа меѓу најдобрите остварувања во овој вид и му донесла голема популарност на авторот. Во оваа повест за предавството и честа, во која таткото го убива сопствениот син за да ја тргне лагата од семејното име, Мериме го достигнал врвот на драмскиот интензитет. Тој интензитет во најголем дел е заснован на контрастот меѓу возбудливоста и трагичноста на случувањата и концизноста и умереноста на изложувањето.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.</ref>
 
*„Етрурска вазна“([[s:fr: Le_Vase_étrusque|''Le Vase étrusque'']]). И во оваа новела станува збор за љубов и [[крв]], но не за избувлива и необуздананеконтролирана, туку за префинета и дискретна. Главна личност на оваа приказна е Сен-Клер, во чиј портрет писателот вградил и некои автобиографски црти. Оваа новела означува нова фаза во развојот на раскажувачкиот стил на Мериме.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.</ref>
 
===Средишна фаза===
Работејќи како државен службеник, Мериме сè повеќе ја запоставувал книжевната работа и до 1837 година успеал да објави само два расказа: „Душите од чистилиштето“ и „Илската Венера“.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 139.</ref>
*„Душите од чистилиштето“([[s:fr: Les_Âmes_du_purgatoire|''Les Âmes du purgatoire'']]). Оваа новела е објавена во 1834 година и со неа Мериме започнува да ги проширува рамките на своите приказни. Всушност ова е негова верзија на Дон Жуан, во која многу повеќе го интересира сликовитото и драматичното отколку проблемот на гревот и искупувањето, а забележителни се елементи на фантастика и ужас.
 
*„Илска Венера“([[s:fr:La Vénus d’Ille|''La Vénus d’Ille'']]). Напишана во 1835, а објавена во 1837 година., Вово неа фантастичното и ужасното прераснуваат во натприродно. Реалистичкиот декор на едно место на Пиринеите[[Пиринеи]]те, со описи на [[Свадба|свадбената]] свеченост, станува место на право чудо: синот на месниот археолог-аматер, на денот на венчавката е жртва на љубоморната [[Венера (божица)|Венера]] која ја откопал неговиот татко.
 
===Зрела фаза (Коломба и Кармен)===