Свето Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 137:
 
==== Промени во политичката структура ====
[[Податотека:Balduineum Wahl Heinrich VII.jpg|thumb|Седумте [[изборен кнезкурфирст|изборни кнезови]].]]
Во 13 век имало генерална промена на структурата на тоа како се управувало со земјата, со што се подготвувало префрлањето на политичката моќ кон [[буржоазија]]та на сметка на аристократскиот [[феудализам]] кој бил карактеристика на [[Доцен среден век|Доцниот среден век]].
 
Ред 149:
==== Издигнуваљње на териториите по династијата Хоенштауфен ====
[[Податотека:HRR 14Jh.jpg|thumb|Светото Римско Царство 1273-1378 и главните кралски династии.]]
Потешкотиите во бирањето на крал на крајот довеле до појавата на фиксниот колегиум на [[изборен кнезкурфирст|изборни кнезови]] (''Kurfürsten''), чиј состав и процедури биле одредени со [[Златната Була од 1356 година]]. Овој развој најверојатно најдобро го симболизира ново појавената двојност помеѓу царот и државата (''Kaiser und Reich''), кои повеќе не се сметале за идентични. Ова исто така се гледа и по начинот на кој кралевите кои владееле по династијата Хоенштауфен се обидувале да ја одржат нивната моќ. Порано од тоа, силата (и финансиите) на Царството главно зависеле од самите земји на Царството, тн ''Reichsgut'', кој секогаш му припаѓал на тогашниот крал и вклучувал многу царски градови. По 13 век, важноста на Рајхсгутот се намалувала, иако некои негови делови останале во рамките на Царството се до неговиот крај во 1806 година. Наместо тоа, Рајхсгутот се продавал на локалните војводи, некогаш за собирање на пари за Царството, но почесто да се награди верноста или како обид да се контролираат војводите. Директното владеење на Рајхсгутот не се совпаѓало со потребите на кралот или оние на војводите.
 
Наместо тоа, кралевите, почнувајќи со [[Рудолф I Хабсбург]], се почесто зависеле на земјите од нивните династии за поддршка на нивната моќ. Во спротивност со Рајхсгутот, кој бил расштркан и тежок за управување, овие територии биле релативно компактни и со тоа биле полесни за контрола. Со ова во 1282 година, Рудолф I им ја изнајмил Австрија и [[Штурија]] ([[Штаерска]]) на неговите синови.