Македонски јазик: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Ја заменувам страницата со 'Такъв " '''jазик"''' не съществува. Ползуваjте бугарски! {{словенски јазици}} {{Navboxes...'
с Отстрането уредувањето на Християн Димитров 15 (разговор), вратено на послед...
Ред 1:
{{Infobox language
Такъв " '''jазик"''' не съществува.
|name=Македонски јазик
|pronunciation=
|states=воглавно во [[Македонија]], [[Грција]], [[Бугарија]], [[Србија]], [[Албанија]], и [[Македонска дијаспора|македонската дијаспора]].
|region=[[Регион Македонија|Македонија]], [[Балкански Полуостров]]
|ethnicity=[[Македонци]]
|speakers=непознато. Проценките се движат од 2 милиони (најмала проценка<ref>[http://www.lmp.ucla.edu/Profile.aspx?menu=004&LangID=42 Македонскиот јазик на UCLA]</ref><ref>[http://www.ethnologue.com/show_language.asp?code=mkd Запис на Етнолог за македонскиот јазик]</ref> па до 5 милиони (најголема проценка<ref>Плевнеш, Јордан, „Македонскиот јазик во глобалниот свет“, стр. 7, Скопје, 2008.</ref>)<!--Ако имате други податоци за поконкретен број на говорници на македонскиот, наведете ги.-->
|iso1=mk
|iso2b = mac|iso2t=mkd|iso3=mkd
|familycolor=Indo-European
|fam1=[[Индоевропски јазици|индоевропски]]
|fam2=[[Словенски јазици|словенски]]
|fam3=[[Јужнословенски јазици|јужнословенски]]
|script=[[кирилица]] ([[македонска азбука]])
|rang=180 (мајчин)
|nation={{знаме|Македонија}}<br />признат како малцински јазик во делови од:<br />{{АЛБ}}<ref>Hill, P. (1999) "Macedonians in Greece and Albania: A comparative study of recent developments". ''Nationalities Papers''. 27(1)</ref><br />{{КОС}}<ref>Focus News (4 јули, 2003) ''Kosovo Government Acquires Macedonian language and grammar books for Gorani Minority Schools''</ref><br />{{СРБ}}<ref>[http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114939 Macedonian language, official in [[Dužine]] and [[Jabuka]]]</ref><br /> {{РОМ}}<ref>[http://conventions.coe.int/Treaty/Commun/ListeDeclarations.asp?NT=148&CM=8&DF=23/01/05&CL=ENG&VL=1 European Charter for Regional or Minority Languages]</ref>
|агенција=[[Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“]]
|dialects=[[Северномакедонско наречје|северни]], [[западномакедонско наречје|западни]], [[Југоисточно македонско наречје|југоисточни]]
|map=Idioma macedonio.PNG|center|315п
|mapcaption=Распространетост на македонскиот јазик во својата матична средина.
 
}}
 
'''Македонски јазик''' — [[јужнословенски јазици|јужнословенски јазик]], дел од групата на [[словенски јазици]] од јазичното семејество на [[индоевропски јазици]]. Македонскиот е службен и национален јазик во [[Македонија]], а воедно е и официјално признат како регионален службен јазик во [[Корча|Горица]] и [[Пустец]] во [[Албанија]] каде што живее бројно [[Македонци|македонско]] население, но и во [[Србија]] како официјален во општините Јабука и Пландиште, [[Романија]] и [[Косово]]. Македонски се зборува и во [[Австралија]], [[Бугарија]], [[Грција]], [[Канада]], [[САД]], [[Црна Гора]], [[Турција]], во некои земји−членки на [[Европска Унија|Европската Унија]] и останатата македонска дијаспора. Вкупниот број на македонски говорници е тешко утврдлив поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2,5 до 3 милиони луѓе.
 
Според почитуваниот лингвистички извор [http://www.ethnologue.com/show_country.asp?name=BG Etnologue], македонски се зборува и во југозападниот дел на [[Бугарија]]<ref>[http://www.ethnologue.com/show_country.asp?name=BG Јазици во Бугарија:Ethnologue]</ref><ref>[http://www.ihf-hr.org/viewbinary/viewdocument.php?doc_id=1935 Minority Rights in Bulgaria, The Bulgarian Helsinki Committee, September 1999]</ref> и [[Егејска Македонија|северна Грција]], но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и [http://www.bbc.co.uk/languages/european_languages/languages/macedonian.shtml BBC], [http://www.britannica.com/eb/article-9049700?query=macedonian%20language&ct= Британика] и [http://www.helsinki.fi/~tasalmin/europe_index.html#Bulgaria УНЕСКО].
 
== Историја ==
{{главна|Историја на македонскиот јазик}}
[[File:MapMacedonians.png|мини|лево|250п|Области во регионот Македонија каде македонскиот е застапен на повисоко ниво.]]
[[Податотека:Codex Assemanianus 09.jpg|мини|десно|200п|Споменик на [[Охридска книжевна школа|Охридската книжевна школа]] -
[[Асеманово евангелие]].]]
{{Македонски јазик}}
Македонскиот јазик е мајчиниот јазик на [[Македонци]]те, официјален јазик во [[Република Македонија]] и малцински, службен јазик во [[Албанија]], [[Србија]] и во [[Косово]] (познат како [[горански дијалект]]). Јазикот го зборуваат над 3 милиони луѓе во Македонија, [[Грција]], [[Бугарија]], [[Албанија]] и во македонската дијаспора. Јазикот според лингвистичката категорија спаѓа во групата на [[јужнословенски јазици]] на [[словенските јазици]]. Македонскиот е исто така втор јазик за околу 677.733 граѓани во Македонија, односно припадниците на малцинствата во државата (иако меѓу овие има голем број луѓе каде јазикот им е мајчин, особено меѓу Македонците-муслимани).
 
На територијата што денеска ја зазема, а што во блиско минато била поширока, македонскиот јазик се формирал од говорите на македонските племиња ја населувале територијата на [[етничка Македонија]], па се длабоко во териториите на денешните Грција и Албанија, но со самиот развој на државите тој регион се стеснал и македонските говори во тие краишта полека почнал да се заменува со други јазици. Денес во Албанија, македонски јазик се зборува најмногу во [[Мала Преспа]], [[Голо Брдо]] и скоро сите погранични места со Република Македонија. Во [[Приморска Македонија]], македонскиот јазик се зборува најмногу ви префектурите Воден и Лерин но и во другите градови и села во Приморска Македонија. Во Бугарија, македонскиот јазик се зборува во [[Пиринска Македонија]] (од помалку од 1% од населението во современите политичко-општествени околности)<ref>[http://www.nsi.bg/Census/MotherTongue.htm Попис 2001]</ref> а во [[Србија]] се зборува во пограничниот регион со Македонија и во областа Гора во [[Косово]].<ref name="конески">{{цитирана книга|last=Конески|first=Блаже|title=Историја на македонскиот јазик|publisher=Култура|location=Скопје|date=1967|language=македонски}}</ref>
 
Македонските говори околу [[Солун]] биле основата за формирање на [[старословенскиот јазик]] и писменост. Тоа што ја карактеризира историјата на македонскиот јазик е неговата коренита промена што настанала од [[X век]] па навака. Слични промени ги зафатиле и [[бугарскиот јазик]] и источните дијалекти на [[српскиот јазик]]. Тие темелни промени довеле до мала споделба на граматички црти помеѓу старословенскиот и македонскиот јазик<ref name="конески"/>, па како резултат на тоа се создала [[Македонска рецензија на старословенскиот јазик|Македонската рецензија на старословенскиот јазик]]. Познати центри на Македонската рецензија се [[Охридска книжевна школа|Охридската книжевна школа]], [[Кратовска книжевна школа|Кратовската книжевна школа]] и [[Лесновска книжевна школа|Лесновската книжевна школа]].
 
Историјата на македонскиот јазик е поделена на следните периоди<ref name="конески"/>:
# канонски период: IX – XI в.
# македонски редакција на црсл. јазик: XII и XIII в.
# црковнословенски писмен јазик од македонски редакција и од српска редакција и од мешан тип: XIV. и XVIII в.
# почеток на македонски книжевен јазик (појавата на т.н. дамаскини): XVI в.
# навлегување на рускоцрсл. редакција и нејзино мешање со дотогашната домашна писмена традиција во јазикот и стилот: XVIII в.
# употреба на два стила, два писмени јазика, низок (народен јазик) и висок (црковнословенски јазик): првата половина на XIX в.
# дискусија за изгледот и основата на современиот писмени јазик за Македонците: втора половина на XIX в.
# прва стандардизација на современ македонски јазик: книгата ,,За македонцките работи” од Крсте Мисирков од 1903 г.
# конечна стандардизација на СМСЈ од 1944 и 1945 г.
 
;Јазичен развој
Македонските говори рано почнале да развиваат извесни црти што ги изделуваат како целост во однос на говорите на соседните јужнословенски јазици.
 
Една таква црта е замената на силните ерови, како: Ъ > о, Ь > е (сон, темно). Оваа промена настанала во X век и е доста застапена во старословенските текстови од македонско потекло. За разлика од македонскиот, во српско-хрватскиот јазик овие ерови се слеале во еден глас- а (сан, дан), а додека во бугарскиот се слеале во Ъ со таа разлика што пред Ь се чувал мекиот изговор на согласката (сън, дън).
 
Македонскиот јазик покажал и посебен развиток и во однос на назалните согласки. Тука се појавила вокализација на еровите и промената на назалните согласки се хронолошки и по резултат одделни појави. Притоа, единствено во македонскиот јазик дошло до изедначување на {{Уникод|Ѧ}} со {{Уникод|Ѣ}}, по губењето на назалниот призвук, така што во текстовите од XII век и XIII век се наоѓале пример како: п{{Уникод|Ѧ}}тель за п{{Уникод|Ѣ}}тель, с{{Уникод|Ѣ}}м{{Уникод|Ѣ}} за с{{Уникод|Ѣ}}м{{Уникод|Ѧ}} и сл. Со други зборови овој развиток одел вака: {{Уникод|Ѧ}} > {{Уникод|Ѣ}} (ä)> е. Во некои западномакедонски говори, особено во [[Поградец]] и [[Горица (Албанија)|Горица]] во Албанија, сѐ уште е зачуван изговорот со ä, па така имаме: рʲäка за река<ref name="конески"/>.
 
;Македонскиот јазик во пописната регулатива на САД
Во инструкциите за попишувачите во [[САД]] се наведува македонскиот јазик во различен контекст. Така на пример:
* Во пописните инструкции од [[1910]] година, во секцијата "ABILITY TO SPEAK ENGLISH" став 137. стоело "''Do not write "Macedonian," but write Bulgarian, Turkish, Greek, Servian, or Roumanian, as the case may be.''", - „Не пишувајте македонски, пишувајте бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот.“<ref name="1910 Census:Instructions to Enumerators">{{цитирана веб страница
|url=http://usa.ipums.org/usa/voliii/inst1910.shtml
|title=1910 Census: Instructions to Enumerators
|author=IPUMS USA
|accessdate = 2007-06-07
|}}</ref> <ref>[http://www2.census.gov/prod2/decennial/documents/1910InstructionstoEnumerators.pdf Инструкции за попишувачите 1910]</ref>
* Во пописните инструкции од [[1920]] година, македонскиот јазик е додаден на листата со странски јазици како посебен јазик.<ref name="1920 Census:Instructions to Enumerators">{{цитирана веб страница
|url=http://usa.ipums.org/usa/voliii/inst1920.shtml
|title=1920 Census: Instructions to Enumerators
|author=IPUMS USA
|accessdate = 2007-06-07
|}}</ref> <ref>[http://www2.census.gov/prod2/decennial/documents/1920InstructionstoEnumerators.pdf Инструкции за попишувачите 1920]</ref>
* Во пописните инструкции од [[1930]] година македонскиот јазик повтроно е на листата со странски јазици како посебен јазик.<ref name="1930 Census:Instructions to Enumerators">{{цитирана веб страница
|url=http://usa.ipums.org/usa/voliii/inst1930.shtml
|title=1930 Census: Enumerator Instructions
|author=IPUMS USA
|accessdate = 2007-06-07
|}}</ref> <ref>[http://www2.census.gov/prod2/decennial/documents/1930InstructionstoEnumerators.pdf Инструкции за попишувачите 1930]</ref>
 
Со анализа на овие пописни инструкции може да се заклучи дека до 1910 година постоело едно гледиште во американското опшество во врска со македонскиот јазик, а од 1920 година администрацијата го подржува гледиштето дека македонскиот јазик е засебен јазик кој го говорат некои од емигрантите од [[Европа]]. Подоцна во листата "C2SS Language Codes" на македонскиот јазик му е придружен кодот 2630.
 
== Кодификација ==
{{main|Кодификација на македонскиот стандарден јазик}}
[[Податотека:Reseniie na asnom za jazik.jpg|мини|лево|Решение на АСНОМ за употребата на македонскиот јазик, донесено на [[2 август]] [[1944]] година]]
[[Податотека:Решение за македонската азбука, мај 1945.jpg|мини|лево|200п|Решение за македонската азбука, донесено на [[5 мај]] [[1945]] година]]
[[Кодификација]]та на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:
 
* со решението на првото заседание на [[АСНОМ]] ([[2 август]] [[1944]]) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава
* со официјалното усвојување на [[Македонска азбука|македонската азбука]]
* со официјалното усвојување на [[Македонски правопис|македонскиот правопис]]
 
Македонската државност се зацврстува со [[Историја|историските]] решенија на [[Прво заседание на АСНОМ|Првото заседание на АСНОМ]]. Меѓу тие решенија од особено значење е Решението за воведување на македонски литературен јазик како службен во македонската држава.
 
Исто така, [[Президиум на АСНОМ|Президиумот на АСНОМ]], како највисоко тело на македонската држава, во [[ноември]] [[1944]] година назначил комисија составена од македонски [[Филологија|филолози]] и од општествени дејци кои требало да поднесат предлог за азбука и за [[правопис]] на македонскиот јазик. Прашањето за азбуката и правописот се решило во [[мај]] [[1945]] година. Заедно со ова прашање, членовите на комисијата разгледале повеќе прашања од особено значење за оформувањето на македонскиот литературен јазик.
 
Кодификацијата на македонскиот литературен јазик ја одразува македонската јазична практика. [[Блаже Конески]] има значаен придонес за кодификацијата на македонскиот литературен јазик и за [[стандардизација]]та на литературно - јазичната норма.
 
Македонскиот јазик има сличности со другите словенски јазици, а најмногу со [[Бугарски јазик|бугарскиот]] и [[Српски јазик|српскиот јазик]]. Македонскиот и бугарскиот јазик се единствените од групата на словенски јазици кои со текот на развојот ги изгубиле [[падеж|падежните форми]], а од нив останат е само вокативот (Македонијо; мајко; професоре итн.), како и во некои зборчиња (него; нему; скришум итн.).
 
За македонскиот јазик, [[Реџиналд де Бреј|Р. Г. А де Бреј]] вели:
{{Цитатник|Како иронија на историјата, народот чии предци им го дале на Словените првиот литературен јазик, беа последни на кои им се призна јазикот како посебен словенски јазик, различен од соседните бугарски и српски.<ref>Р.Г.А. де Бреј, “Водич за источнословенските јазици“, p.137.</ref>}}
 
== Македонистика ==
{{Главна|Македонистика|Список на македонисти}}
 
Македонистиката е наука која ги проучува [[Историја на македонскиот јазик|развојот]], [[Правопис на македонскиот јазик|правописот]] и другите карактеристики на македонскиот јазик. Почетоците на македонистиката се поврзани со политичките состојби на Балканскиот Полуостров во времето на османлиското владеење. Поради територијалните претензии на новосоздадените словенски држави [[Србија]] и [[Бугарија]] кон [[Македонија]], кај нив се јавила потребата за докажување на културната поврзаност на населението на Македонија со она во нивните држави. Притоа македонистиката во најголем дел се развива како дел од политичките спорови околу припадноста на Македонците, а со тоа и припадноста на териториите коишто тие ги населуваат.
 
Својот вистински расцут македонистиката го доживува по обновувањето на македонската државност во 1944 година. Со кодификацијата на современиот македонски литературен јазик и основањето на низа образовни и научни установи чиј основен предмет на изучување е македонскиот јазик, се создаваат сите услови за непречено и објективно развивање на македонистиката како дел од светската лингвистичка наука.
 
== Книжевност ==
[[Податотека:Mugri.jpg|мини|десно|150п|„[[Бели мугри]]“ — една од најдобрите поетски збирки на македонски.]]
{{Главна|Македонска книжевност}}
 
Македонската книжевност или литература е поим кој ги опфаќа пишаните дела на македонски јазик. Првите книги напишани на македонски јазик или на некој од неговите дијалекти датираат од времето на Македонската рецензија на старословенскиот јазик, поточно од периодот на Охридската и Лесновската книжевна школа, која воглавно била религиска книжевност.<ref>[http://www.britannica.com/EBchecked/topic/354306/Macedonian-literature Macedonian literature] - Britannica</ref>
 
Македонската книжевност е поделена на три големи периоди, кои понатака се делат на уште неколку. Периодите на македонската литература се<ref name="manu">{{cite book|last=Ristovski|first=Blaže|title=Periodizacija na makedonskiot literaturno-kulturen razvoj|publisher=Macedonian Academy of Sciences and Arts|location=Skopje}}</ref>:
 
* Стара македонска литература - IX до XVIII в.
**од христијанизацијата на Македонија до турската инвазија - IX до XIV в.
**од турската инвазија до XVIII век
*Нова македонска литература - 1802 до 1944
** преродбенички период
** револуционерен период
** меѓувоен период
*Модерна македонска литература - 1944 - денес
 
== Дијалекти и дијалектологија ==
{{main|Дијалекти на македонскиот јазик|Македонска дијалектологија}}
 
[[Податотека:Makedonski dijalekti-prilagodeno.png |мини|десно|200п|Карта на македонските дијалекти]]
Македонската дијалектологија е посебна развиена гранка на [[македонистика]]та која се занимава со проучување, истражување, документирање и зачувување на [[Македонски дијалекти|македонските дијалекти]]. Како стабилна научна дисциплина во македонистиката, дијалектологијата се развила после [[Кодификација на македонскиот јазик|кодификацијата на македонскиот јазик]], но нејзиното присуство се забележува и пред [[1940]]-те години. Дијалектологијата на [[Македонски јазик|македонскиот јазик]] е постара дисциплина и датира уште од првите научни трудови кои се занимавале со македонскиот јазик или од втората половина на XIX век. Како позначајни македонски дијалектолози се забележуваат [[Ватрослав Јагиќ]], [[Ватрослав Облак]], [[Виктор Григорович]], [[Мјечислав Малецки]], [[Зузана Тополињска]], [[Божидар Видоески]] и други.<ref name="македонска граматика">{{цитирана книга|coauthors=Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски|title=Македонски јазик за средно образование|publisher=Просветно Дело АД|location=Скопје|date=2001|pages=413 - 454|language=македонски}}</ref>
 
Дијалектите на македонскиот јазик се вариации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блока источните и западните дијалекти е планината [[Скопска Црна Гора]], продолжува со реката [[Вардар]] па сè до [[Егејско Море|Егејското Море]] (или [[Бело Море]]). Главна особина за западните дијалекти е побавниот тоналитет на дијалектите, користење на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборување, кратење на зборови и променлива позиција на акцентот. Дијалектите се зборуваат на цела територија на [[Република Македонија]], [[Пиринска Македонија]], [[Егејска Македонија]] ([[Беломорска Македонија]]), [[Мала Преспа]] и [[Голо Брдо]] и Јужна [[Србија]]. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти има над 3 милиони говорници.
 
== Карактеристични особини ==
[[Податотека:DFJ marka ASNOM.jpg|мини|десно|190п|Поштенска марка на ДФЈ издадена во 1944 во чест на годишнината од АСНОМ на која пишува '''„Антифашистичко Собрание на Народното Ослободуенје на Македониа“''']]
Карактеристични обини на македонскиот јазик се:
* немањето [[падеж]]и т.е. аналитичката деклинација преку користењето на [[предлог|предлозите]] при искажувањето на различни граматички поврзаности помеѓу различни делови на реченицата (на книгата; за книгата; во книгата; под книгата; со книгата)
* третосложниот [[акцент]] (`планина; плa`нината; плани`нарите)
* двоен предмет (него го видов; неа ја сакам)
* минато време со помошниот глагол ИМА (имам видено; немам јадено)
* минато време со помошниот глагол СУМ + [[глаголска придавка]] (не сум сменет; не сум јаден)
* [[минато-идно време]] (Те отепав, кога ќе те фатам!)
 
== Правописен и правоговорен систем ==
{{main|Правопис на македонскиот јазик}}
 
[[Податотека:Pravopis 1991.jpg|мини|десно|180п|Правопис на македонскиот литературен јазик од 1991 година]]
Залагањето за создавање на македонски литературен јазик датира уште од почетокот на [[XIX век]], со појавата на [[Просветители]]те. Тие се застапувале за употреба на македонски народен јазик, на кој и ги пишувале своите книги и текстови, а првите книги се со религиска содржина за да ја приближат верата до народот.
Од големо значење се залагањата на [[Јоаким Крчовски]], [[Кирил Пејчиновиќ]], и [[Теодосиј Синаитски]], а посебно се истакнуваат [[Ѓорѓија Пулевски]] и [[Крсте Петков Мисирков]], кој во својата книга „[[За македонцките работи]]“ одвојува статија во која ги изјавува своите ставови за начинот на формирање на македонски литературен јазик.
На [[Првото заседание на АСНОМ]], [[2 август]] [[1944]], е донесен решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. [[Комисијата за азбука]] и правопис своите ставови ги формулирала во Резолуција, донесена на [[3 мај]], а усвоена на [[5 мај]] [[1945]] година.
Заслугата на [[Блаже Конески]] за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал „[[Граматика на македонскиот литературен јазик]]“, „[[Речник на македонскиот литературен јазик]]“, како и „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен заедно со [[Крум Тошев]], кој е озаконет на [[7 јуни]] [[1945]].
 
Низ историјата и низ својот развој, македонскиот јазик користел неколку [[Системи на пишување|писма за пишување]]. Така, македонскиот јазик користел повеќе писма меѓу кои: [[старомакедонската азбука]], [[глаголица]]та, [[црковнословенската кирилица]], [[илинденската азбука]] и [[преродбеничката азбука]]. Денес македонскиот јазик користи [[македонска азбука]], односно кирилична азбука приспособена на македонскиот фонетички и фонолошки систем. Македонската азбука е базирана на реформите и [[азбука]]та на [[Крсте Петков Мисирков]].
 
== Фонетски и фонолошки систем ==
;Фонетика и фонологија
{{Главна|Фонетика и фонологија на македонскиот јазик}}
[[Фонетика]]та и [[фонологија]]та се делови од науката за јазикот кои го проучиваат гласовното рамниште на јазикот. Тие се сродни науки, тесно поврзани една со друга и се дополнуваат меѓу себе. Во принцип, фонетиката го проучува создавањето на гласовите со говорните органи, познато како артикулација, и нивните звучни својства или гласови, познати како акустика. Од другата страна пак, фонологијата го проучува гласот како елемент кој има функција во јазикот да прави разлика меѓу две јазични единици. Со други зборови, фонологијата може да се нарече функционална фонетика. Двете науки во својот центар на внимание го имаат гласот и неговото формирање. Во тесна врска со овие две науки се правописот и правоговорот. Фонетиката и фонологијата ги изучуваат следните дисциплини: гласот и фонемата, говорните органи, поделбата на гласовите, гласовните промени, акцентот, акцентот на сложенките, отстапување од акцентското правило, акцентот на туѓите зборови и акцентските целости<ref name="општа граматика"/>.
 
;Гласовен систем
Во македонскиот јазик [[Самогласка|самогласките]] се: ''а'', ''е'', ''и'', ''о'', ''у'', додека согласките се останатите 26 гласови од македонскиот фонетски систем. Карактеристики на гласовите во македонскиот јази се едначењето по звучност, обезвучувањето на крајот од зборот, удвојување на согласки и елизија.
 
'''Самогласки'''
{| class="wikitable"
|-
!
![[Предна самогласка|Предни]]
![[Самогласка од среден ред|Средни]]
![[Задна самогласка|Задни]]
|-align=center
![[Затворена самогласка|Затворени]]
|{{IPA|i}} <и>
|
|{{IPA|u}} <у>
|-align=center
![[Средна самогласка|Средни]]
|{{IPA|ɛ}} <е>
| ({{IPA|ə}})
|{{IPA|ɔ}} <о>
|-align=center
![[Отворена самогласка|Отворени]]
|
|{{IPA|a}} <а>
|
|}
 
'''Согласки'''<ref>{{Harvcoltxt|Friedman|2001|p=11}}</ref><ref>{{Harvcoltxt|Lunt|1952|pp=11–12}}</ref>
{| class="wikitable" style="text-align: center"
|-
!
! colspan="2" | [[Двоуснена согласка|Двоуснени]]
! colspan="2" | [[Усненозабна согласка|Уснено-<br>забни]]
! colspan="2" | [[Забна согласка|Забни]]
! colspan="2" | [[Венечна согласка|Венечни]]
! colspan="2" | [[Венечно-преднонепчена согласка|Венеч.-<br/>преднеп.]]
! colspan="2" | [[Преднонепчена согласка|Предно-<br>непчени]]
! colspan="2" | [[Заднонепчена согласка|Задно-<br>непчени]]
|-
! [[Носна согласка|Носни]]
| colspan="2" | {{IPA link|m}}
| colspan="2" |
| colspan="2" | {{IPA link|n̪|n}} {{ref|3a|3}}
| colspan="2" |
| colspan="2" |
| colspan="2" | {{IPA link|ɲ}}
| colspan="2" |
|-
! [[Избувна согласка|Избувни]]
| {{IPA link|p}}
| {{IPA link|b}}
| colspan="2" |
| {{IPA link|t̪|t}}
| {{IPA link|d̪|d}}
| colspan="2" |
| colspan="2" |
| {{IPA link|c}} {{ref|1a|1}}
| {{IPA link|ɟ}} {{ref|1a|1}}
| {{IPA link|k}}
| {{IPA link|ɡ}}
|-
! [[Слеана согласка|Слеани]]
| colspan="2" |
| colspan="2" |
| {{IPA link|t͡s}}
| {{IPA link|d͡z}}
| colspan="2" |
| {{IPA link|t͡ʃ}}
| {{IPA link|d͡ʒ}}
| colspan="2" |
| colspan="2" |
|-
! [[Струјна согласка|Струјни]]
| colspan="2" |
| {{IPA link|f}}
| {{IPA link|v}}
| {{IPA link|s̪|s}}
| {{IPA link|z}}
| colspan="2" |
| {{IPA link|ʃ}}
| {{IPA link|ʒ}}
| colspan="2" |
| colspan="2" | {{IPA link|x}}
|-
! [[Приближна согласка|Приближни]]
| colspan="2" |
| colspan="2" |
| colspan="2" |{{IPA link|ɫ}} {{ref|2a|2}}<sup>,</sup> {{ref|3a|3}}
| colspan="2" |{{IPA link|l}} {{ref|2a|2}}
| colspan="2" |
| colspan="2" |{{IPA link|j}}
| colspan="2" |
|-
! [[Трепетна согласка|Трепетни]]
| colspan="2" |
| colspan="2" |
| colspan="2" |
| colspan="2" | {{IPA link|r}} {{ref|3a|3}}
| colspan="2" |
| colspan="2" |
| colspan="2" |
|}
 
;Писмо
{{главна|Македонска азбука}}
[[Македонската азбука]] е официјалната азбука во [[Република Македонија]] и единствено писмо за пишување на јазикот. Азбуката е базирана на [[кирилица]]та со мали прилагодувања согласно на фонетскиот и фонолошкиот систем на јазикот. Азбуката има 31 буква и е базирана на [[преродбеничката азбука]] на [[Крсте Петков Мисирков]].
<center>
{|class="wikitable" style="border-collapse:collapse;"
|-
|bgcolor="#EFEFEF" align="center" colspan="31" | '''Големи букви'''
|-
|width=3% align="center"|А ||width=3% align="center"|Б ||width=3% align="center"|В ||width=3% align="center"|Г ||width=3% align="center"|Д ||width=3% align="center"|Ѓ ||width=3% align="center"|Е ||width=3% align="center"|Ж||width=3% align="center"|З ||width=3% align="center"|Ѕ ||width=3% align="center"|И ||width=3% align="center"|Ј ||width=3% align="center"|К ||width=3% align="center"|Л ||width=3% align="center"|Љ ||width=3% align="center"|М||width=3% align="center"|Н ||width=3% align="center"|Њ ||width=3% align="center"|О ||width=3% align="center"|П ||width=3% align="center"|Р ||width=3% align="center"|С ||width=3% align="center"|Т ||width=3% align="center"|Ќ||width=3% align="center"|У ||width=3% align="center"|Ф||width=3% align="center"|Х ||width=3% align="center"|Ц ||width=3% align="center"|Ч ||width=3% align="center"|Џ ||width=3% align="center"|Ш
|-
|align="center" colspan="31" | '''Мали букви'''
|-
|align="center"|а||align="center"|б||align="center"|в||align="center"|г||align="center"|д||align="center"|ѓ||align="center"|е||align="center"|ж||align="center"|з||align="center"|ѕ||align="center"|и||align="center"|ј||align="center"|к||align="center"|л||align="center"|љ||align="center"|м||align="center"|н||align="center"|њ||align="center"|о||align="center"|п||align="center"|р||align="center"|с||align="center"|т||align="center"|ќ||align="center"|у||align="center"|ф ||align="center"|х||align="center"|ц||align="center"|ч||align="center"|џ||align="center"|ш
|}
</center>
 
;Акцент
{{Главна|Акцент во македонскиот јазик}}
 
Македонскиот акцент е динамичен или ''експираторен'' и определен. Македонскиот акцент секогаш паѓа на третиот слог од крајот на зборот за третосложни или повеќесложни зборови (пр. ''тáт-ко-то'', ''тáт-ков-ци'', ''тат-кóв-ци-те'', ''ма-кé-до-нец''), на вториот слог на двосложни зборови (пр. ''дé-те, мáj-кa, тáт-ко'') и на единствениот слог кај едносложните зборови (пр. ''рóг, с'рп, к'рв''). При зголемување на бројот на слоговите кај еден ист збор, акцентот го менува слогот, при што пак се води сметка тој да биде на третиот слог од крајот на зборот. Така имаме: '''учител - уч'ителот - учит'елите'' и сл. Во македонскиот јазик има отстапувања од третосложното акцентирање во следниве случаеви<ref name="општа граматика"/>:
# кај [[глаголски прилог|глаголските прилози]]: ''викáјќи'', ''одéјќи'' итн.
# кај [[Прилог за време|прилозите за време]]: ''годин'ава, лет'ово'' итн.
# кај туѓите зборови: ''клишé'', ''генéза'', ''литератýра'' итн.
 
== Морфолошки систем ==
{{Главна|Морфологија на македонскиот јазик}}
[[Податотека:Zborovni grupi.svg|мини|десно|300п|Зборовните групи. Во сино се менливите, во зелено се неменливите зборовни групи.]]
 
Морфологијата во македонскиот јазик] и во останатите јазици е дел од [[лингвистика]]та која се занимава со проучување на формите на [[Зборовни групи во македонскиот јазик|зборовите]], нивното градење и граматички значења. Самиот збор е од [[Старогрчки јазик|старогрчко]] потекло и во превод значи ''наука за формите''. Главната цел на морфологијата е да ја проучува структурата на зборовите и правилата и принципите според кои самите зборови се обединуваат во групи. Многу сродна наука на морфологијата е '''морфосинтаксата на македонскиот јазик''' која се занимава со употребата на зборовите во реченица.<ref name="општа граматика">{{цитирана книга|last=Бојковска|first=Стојка|coauthors=Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски|title=Општа граматика на македонскиот јазик|editor=Саветка Димитрова|publisher=АД Просветно Дело|location=Скопје|date=декември 2008|pages=155 - 160|isbn=978-9989-0-0662-7|language=македонски}}</ref>
 
Зборот во секој јазик, така и во македонскиот е изграден од неколки различни елементи. Некои од нив имаат значење односно се лексички, а некои немаат значење и се граматички или функционални. Како пример за ова може да се разгледа зборот ''„млекар“'' поделен на неколку начини<ref name="општа граматика"/>:
 
* м + л + е + к + а + р - ''низа на гласови или познати како фонеми''
* мле + кар - ''низа на слогови''
* млек + ар - ''низа на значенски делови наречени морфеми''
 
Зборовите во секој јазик претставуваат одделни единки, но според некои карактеристики тие се поврзани меѓу себе, формирајќу помали или поголеми групи. Така, тие можат да бидат поврзани според значење, според форма, според службата во реченицата итн. Така поврзаните зборови создаваат зборовни групи или класи. Во науката за јазикот има различен број класификации, но најчести се значенската или ''семантичка'', формалната или ''морфолошка'' и функционална или ''синтаксичка'' класификација.<ref name="општа граматика"/>
 
Според морфолошката класифицикација, единаесетте зборовни групи се класифицираат во две групи и тоа на менливи и неменливи зборовни групи. Менливите зборовни групи ја менуваат својата форма заради морфолошките потреби, а неменливите не. Менливите зборови ги опфаќаат: ''именки, придавки, броеви, заменки и глаголи'', додека неменливите ги опфаќаат ''прилозите, предлозите, сврзиниците, честичките, извиците и модалните зборови''.<ref name="општа граматика"/>
 
Според синтаксичката класификација зборовите се делат на полнозначни или отворени зборовни групи и службени или лексички и службени или функционални зборови. Во полнозначните се вметнуваат ''именките, придавките, броевите, заменките, глаголите, прилозите и модалните зборови'', додека во службените се вметнуваат ''предлозите, сврзниците, честичките и извиците''. Во вистинска самостојност се изделуваат именките, глаголите и дел од заменките (именските), а другите самостојни зборови имаат ограничена синтаксичка независност.<ref name="општа граматика"/>
 
== Синтаксен систем ==
{{Главна|Синтакса на македонскиот јазик}}
 
Основна единица на синтаксата е реченицата. Врз реченицата е осврнато вниманието на синтаксата. Понатака реченицата може да е подели на две големи групи, односно [[Проста реченица во македонскиот јазик|проста]] и [[Сложена реченица во македонскиот јазик|сложена реченица]]. Простите и сложените реченици во [[македонскиот јазик]] се составени од именски групи или наречени синтагми, но и од останати елементи како глаголи или прилози. Сите овие наведени елементи функционираат во најсложената јазична форма наречена врзан текст<ref name="општа граматика"/>.
 
Сликовите да се презентира составувањето на врзаниот текст, а почнувајќи од најмалите единици е следниот пример:
 
:''бран → голем бран → На крајбрежјето на Охридското Езеро се забележуваат големи бранови. → Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина, забележав дека големи бранови се приближуваа кон охридското крајбрежје. → Едно утро решив да се искачам на Самоиловата тврдина и да сликам фотографии по не знам кој пат. Иако одењето по старите и делумно стрми улици е тешко јас успеав и се искачив. Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина забележав дека големи бранови се приближуваа кон охридското крајбрежје''.
 
Според ова, опширно основните синтаксички единици се<ref name="општа граматика"/>:
 
:'''Реченицата''', било да е проста или проширена, е синтаксичка единица што содржи глагол со лична форма, како и останати елементи од кои најчести се именските делови.
:'''Именската група''' или '''синтагмата''' се среќава во рамките на сите членови на реченицата, освен во прирокот. Основен белег е тоа што мора да има именка во самата структура по која и го носи името оваа синтаксичка категорија.
:'''Сложената реченица''' е еден вид резултат на поврзување на најмалку две одделни реченици, што како резултат на тоа мора да содржи најмалку две самостојни личноглаголски форми.
:'''Врзаниот текст''' е надреченична целина кој содржи повеќе реченици и ги опфаќа сите претходно наведени елементи.
 
== Фразеолошки систем ==
{{Главна|Фразеологија на македонскиот јазик}}
 
Зборовните групи кои во јазикот се користат како една целина се нарекуваат [[Фразеологизам|фразеологизми]], кои имаат посебни лингвистички карактеристики и вредности. Во реченицата зборовите можат да се поврзуваат, да се здружуваат во целости од различен вид. Така на пример, зборот ''[[орев]]'' може да оди со повеќе [[Придавка|придавки]] како на пример ''„голем орев“'' или ''„мал орев“'', со [[глагол]]и како на пример ''„јаде орев, купува ореви“'' и слично. Ова доведува до општите принципи на [[фразеологија]]та каде зборовите во реченицата можат слободно да се здружуваат односно да се наоѓаат во слободна врска. При ваква врска секој од зборовите си го задржува своето посебно значење, така што значењето на составот е еднакво на збирот на значењата на зборовите што влегуваат во тој состав<ref name="општа граматика"/>.
 
Во македонскиот јазик зборовните состави можат да се наоѓаат и во неслободна врска, односно постојана врска. Така на пример, зборот орев во реченицата ''„Ова е тврд орев, не се крши со заби“'' и зборот орев во реченицата ''„Ќе бидеме тврд орев за нашиот утрешен противник“'' нема исто значење. Во составите на овој вид ослабнува одделното значење на зборовите и се формира едно ново значење кое не е збир на значењата на составните елементи<ref name="општа граматика"/>.
 
== Ономастички систем ==
{{Главна|Ономастика на македонскиот јазик}}
 
Ономастика по дефиниција е наука која ги проучува сопствените имиња. Самиот збор ономастика потекнува од [[Старогрчки јазик|грчкиот]] глагол ''„onomadzo“'' што во превод значи ''„именувам“''. Ономастиката е релативно нова лингвистичка дисциплина. Во [[Македонија]] и [[македонистика]]та почнала да се развива и да бележи конкретни резултати во [[XIX век]]. Самата научна дисциплина долго време се сметала за дел од останати науки како на пример географија, историја, етнографија и слично.
 
== Наводи ==
<div class="references-small" style="-moz-column-count: 3; column-count: 3;">
<references/>
</div>
 
== Поврзано ==
{{Портал|Македонија}}
* [[Граматика на македонскиот јазик]]
* [[Правопис на македонскиот јазик]]
* [[Дијалекти на македонскиот јазик]]
* [[Македонска азбука]]
* [[Историја на македонскиот јазик]]
* [[Развојот на македонската азбука]]
 
== Надворешни врски ==
{{збратимениврски|Македонски јазик}}
;Документи
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0001Pulevski%20Trijazichnik.pdf Речник на три јазика, Ѓорѓија Пулевски] - 1875
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0002Macedonischen%20Slaven.pdf Zur Sprachlichen Beurtellung der Macedonischen slaven,Leonhard Masing] - 1890, на германски јазик
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0003Macedoslavischen%20Dialekte.pdf Zur Laut- und Akzentlehre der Macedonischen dialekte,Leonhard Masing] - 1891, на германски јазик
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0004Vatroslav%20Oblak.pdf MACEDONISCHEN STUDIEN, Vatroslav Oblak] - 1896, на германски јазик
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0005%20Za%20makedonckite%20raboti.pdf За македонцките работи, Крсте Петков Мисирков] - 1903
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0006ABECEDAR%201925.pdf Абецедарот] - 1925, Атина
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0007Dwie%20Gwary%20Macedonskie%201.pdf Dwie gwary macedońskie(Suhe i Wysoka w Soluńskiem) – Teksty , Mieczysław Małecki] - 1934, на полски јазик
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0008Dwie%20Gwary%20Macedonskie%202.pdf Dwie gwary macedońskie(Suhe i Wysoka w Soluńskiem) – Teksty, Mieczysław Małecki] - 1936, на полски јазик
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0009%20Andre%20Mazon.pdf Documents, Contes et Chansons Slaves de l'Albanie du Sud, Andre Mazon] - 1936, на француски јазик
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0010%20Kulakia.pdf L'Evangeliaire de Kulakia Un parler Slave du Bas-Vardar, Andre Mazon et Andre Vaillant] - 1938, на француски јазик
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0011%20Makedonska%20gramatika-krume.pdf Македонска граматика, Круме Кепески] - 1946
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0012%20Makedonski%20pravopis.pdf Македонски правопис со правописен речник, Блаже Конески и Крум Тошев] - 1950
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0013%20Horace%20Lunt_Macedonian%20grammar%201952.pdf Grammar of the Macedonian Literary Language, Horace Lunt] - 1952, на англиски јазик
* [http://www.seelrc.org:8080/grammar/mainframe.jsp?nLanguageID=3 Граматика на македонскиот јазик, Виктор Фридман] - на англиски
* [http://www.mn.mk/aktuelno/1593-Makedonski-Leksikon-od-16-vek Un Lexique Macédonien du XVI siècle] {{fr}}
 
;За македонски јазик
* [http://www.ucimakedonski.mk/ Учи македонски online]
* [http://damj.manu.edu.mk/ Дигитален архив на македонскиот јазик]
* [http://litbaza.ukim.edu.mk/ Институт за македонска литература (литературна база)]
* [http://learnmacedonian.blogspot.com/ Блог за учење Македонски јазик] (на англиски)
* [http://www.ethnologue.com/show_language.asp?code=mkd Извештај на Ethnologue за македонскиот јазик] (на англиски)
* [http://www.makedonija.info/language.html The Macedonian Language] (на англиски)
* [http://www.gate.net/~mango/DeBelle.htm La Macédoine et les Macédoniens] Едмон Бушје де Бел, Париз, 1922 (на англиски)
* [http://www.gate.net/~mango/Stihija_na_zborovi.html Македонскиот јазик во јавното општење], Марија Коробар-Белчева
* [http://www.gate.net/~mango/Macedonian_language_MANU.htm Македонскиот јазик], Совет за истражување на југоисточна Европа на МАНУ
* [http://www.florina.org/html/abecedar/main.html Абецедарот, латиничен буквар за Македончиња, издаден од Министерството за образование на Кралството Грција, 1925 година]
* [http://www.makedonski.info Дигитален речник на македонскиот јазик], Толковник
* [http://www.scribd.com/full/47267365?access_key=key-251di0qqt9dw1wmdzoh Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици ], Блаже Конески
* [http://macedonianlanguage.org/ Центар за изучување на македонскиот јазик]
 
 
Ползуваjте бугарски!
{{словенски јазици}}
{{Navboxes