Електронска конфигурација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
 
* Орбиталите се пополнуваат со електрони со растењето на нивната енергија (од оние со пониска кон оние со повисока енергија). Енергијата, пак, на орбиталите е [[Пропорција|пропорционална]] на збирот на [[Главен квантен број|главниот]] и [[Орбитален квантен број|орбиталниот]] квантен број, односно ''n + l''. Колку што е овој збир помал, орбиталата има помала енергија. Доколку за две орбитали овој збир е еднаков, пониска по енергија е онаа која има помала вредност за главниот квантен број. Орбиталите со исти вредности за ''n'' и за ''l'' се еднакви по енергија и се наречени [[Дегенерирана орбитала|дегенерирани]].
* [[ПаулиевПаулиево принципначело]]: Во еден атом не е можно да постојат два електрона со исти вредности за сите четири квантни броеви. Ако за два електрона првите три од четирите квантни броеви се еднакви, тие мора да се разликуваат за четвртиот, [[Спински квантен број|спински]] квантен број. Бидејќи за последниов се можни само две вредности, во една орбитала не може да има повеќе од два електрона. Тие два електрона се со различни [[спин]]ови.
* [[Хундово правило]]: Дегенерираните орбитали се пополнуваат најнапред сите со по еден електрон, а потоа со уште еден.