Тиридат III: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 63:
 
==Христијанизација==
[[File:Tiridates III of Armenia-Baptism.jpg|thumb|left|Покрстувањето на Тиридат III]]
Приказната за покрстувањето на кралот и целиот народ се базира врз „Историја на Ерменците“ од [[Агатангелос]], од 5 век.<ref>http://www.vehi.net/istoriya/armenia/agathangelos/en/AGATHANGELOS.html '''Agathangelos''', History of St. Gregory and the Conversion of Armenia</ref> Се зборува за тоа како [[Гргур Просветител]], синот на Анак, станал христијанин, па чувствувал вина заради гревот на својот татко. Гргур се приклучил на ерменската војска и станал секретар на кралот. Христијанството станало силно кон крајот на третиот век, иако голем дел од населението сè уште биле пагани. Тиридат не бил исклучок од ова: обожавал древни богови. За време на една религиозна паганска церемонија, Тиридат му наредил на Гргур да стави венец од свеќе кај нозете од статуата на божицата [[Анахит]] во Ериза. Гргур одбил, велејќи дека е христијанин. Ова го разбеснило кралот, кој уште повеќе се огорчил кога му кажале дека Гргур е син на Анак, човекот кој го убил таткото на Тиридат. Гргур бил измачуван, а потоа фрлен во [[Хор Вирап]], затвор кој се наоѓал длабоко под земја.