Демократско-републиканска партија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
Партијата имала најголема поддршка во јужниот дел на САД, а најмала на северниот дел. Се залагала за [[права за сојузните држави]] кои биле наведени во „Принципите од 1798“ и артикулирани во [[Резолуции на Кентаки и Вирџинија|резолуциите на Кентаки и Вирџинија]] на кои би им било овозможено на сојузните држави да поништуваат државен односно федерален закон.<ref>{{cite book|author=Susan Dunn|title=Jefferson's Second Revolution: The Election of 1800 and the Triumph of Republicanism|url=https://books.google.com/books?id=W5MfcSfA_eUC&pg=PA279|year=2004|publisher=Houghton Mifflin Harcourt|page=279|isbn=0618131647}}</ref> Партијата исто така се залагала за правата на [[јоман]]ските фармери. Републиканците биле длабоко посветени на принципите на [[Републиканизам во САД|републиканизмот]], за кој тие забележувале дека бил загрозен со монархистичките тенденции на хамилтоновите федералисти. Партијата стапила на власт во 1801 со новоизбраниот претседател Џеферсон на [[Претседателски избори во САД, 1800|изборите во 1800]].
 
Партијата ги избирала своите кандидати за претседател на јавно гласање помеѓу членовите на Конгресот. Тука биле вклучени Томас Џеферсон (номиниран во 1796, [[Претседателски избори во САД, 1800|избран во 1800-01]], 1804), Џејмс Медисон (1808 и 1812). По 1824 системот на јавно гласање повеќе не се употребувал. По 1800, партијата доминирала во Конгресот како и повеќе гувернерски места во сојузните држави надвор од [[Нова Англија]]. Во 1824, партијата била поделена на четири различни фракции и недостасувала врска која би ги обединила по распадот на [[Прва партија (периодизација)|системот на прва партија]]. Појавувањето на системот на [[Втора партија (периодизација)|втора партија]] во 1830-те ги обединила поранешните фракции. Една од тие фракции предводена од [[Ендру Џексон]] и [[Мартин ван Бјурен]] се претворила во новата [[Демократска партија (САД)|Демократска партија]] во 1828, додека фракцијата од партијата предводена од [[Џон Квинси Адамс]] и [[Хенри Клеј]] ја формирала [[Национална републиканска партија (САД)|Националната републиканска партија]] во 1828, која што подоцна се прераснала во [[Виговска партија (САД)|Виговската партија]].<ref>Paul Kleppner, et. al. ''The Evolution of American Electoral Systems'' (1981), ch 3</ref>
 
== Наводи ==