Преселба на населението: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 109.69.41.219 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06
Ред 26:
 
Постојат четири видови на внатрешни преселби од аспект на поделбата на населените места:'''село-село''', '''село-град''', '''град-село''' и '''град-град'''. Во денешни услови најчеста е преселбата село-град.
'''Повремени''' или дневни преселби се оние преселби кои луѓето ги прават секојдневно за да обават некоја работа или набават некој намирници и повторно се враќаат во своите домови. Постојат и '''трајни''' преселби. Во вакви случаи, селското население ги напушта своите домови во селата и се населува во ново живеалиште во градовите, со цел да остане тука постојано. Ваквите преселби настануваат како последица на незадоволство од животот во селата, можност за подобар живот и заработка во градовите, поради се поголемите техничко-технолошки иновации и модернизација на општеството. Значи, стопанскиот развој е главна причина за намалување на бројот на селското и зголемување на бројот на градското население. Со поделба на населението на селско и градско се доаѓа до голем број на анализи и заклучоци, како на пример:степенот на урбанизација во одделни земји како комплексен процес, степенот на индустријализацијата и културниот развој во одделни земји. Исто така, оваа поделба ни овозможува и одделни демографски истражувања, следење на состојбата во градовите и селата и различните услови за живот кои постојат во нив, како тие услови се одразуваат врз старосната структура на населението, фертилитетот, составот по пол, условите на живеење итн.
 
== Класифицирање на селското и градското население ==